(АУДИО) Опозицијата „сервираше“ нови аудио разговори
Објавено во: 18 Март, 2015
СДСМ денеска во Струмица ја објави 11-та „бомба“. Разговори се водени помеѓу Силвана Бонева и Груевски, премиерот и Драган Павловиќ Латас, Мендух Тачи и Сашо Мијалков како и нов разговор меѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески.
„Денеска граѓаните на Струмица, лично ќе се уверат, лично од Никола Груевски и неговите неколкумина соработници, што се правеле за да ги добијат изборите. Како ги притискале граѓаните, како ги малтретирале фирмите, како се изживувале со нашите сограѓани Роми, за да ја задоволат својата пуста желба да го поразат градоначалникот Зоран Заев и да ја стават и Струмица под своја контрола“, изјави пред почетокот на прес конференцијата пратеникот од СДСМ, Панче Орцев.
Во првиот сет од 6 телефонски разговори можеше да се слушне како што тврди опозицијата како Миле Јанакиески со извесен Џоко од УЈП, по препорака на директорот на УЈП, Горан Трајковски, договара инспекции во Турското маало, што треба да направат притисок врз луѓето, како Спиро Ристовски дава налог на Јанакиески за инспекции, а министреот за транспорт се фали колку успешна акција спровел во Ново село, но како и самите го признават криминалот во своите редови, како на притисоците врз струмчани помагал пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Славе Гошев, како дневно се брифирале по колку пазарни, трудови и даночни инспекции да има во Струмица и за релацијата на Јанакиески со Џоко Кличев во врска со откупниот центар Агрикор и низа аудио разговори.
Целите аудио разговори кои СДСМ ги објави денеска можете да ги слушнете подолу во видеото.
[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=412yWxyL0Yw[/embed]* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.