06 Декември, 2025
0.0259

Авон укинува 600 работни места

Објавено во: Стил 24 Јуни, 2014 12:26

Добивај вести на Viber

Козметичката куќа Авон ќе укине околу 600 работни места, вклучувајќи и цела единица во Северна Америка, обидувајќи се да се врати на профитабилната работа. Фирмата која се занимава со директна продажба на козметика, објави загуби во пет од последните шест квартали, а на крајот на минатата година имаше 36.700 вработени, вклучувајќи 4.300 во САД. Укинувањето на работните места и другите напори за реструктурирање се очекува да резултираат со годишни заштеди од 50 до 55 милиони долари, соопшти Авон. Компанијата се обидува да внесе позитивни промени во работата по серијата проблеми со кои се соочи на клучните пазари - Русија, Јужна Америка и САД. Нето загубите на Авон се зголемија на 168,4 милиони долари или 38 центи по акција во првиот квартал од годинава, додека само една година претходно изнесуваа 13,7 милиони долари или три центи по акција. Продажбата во Северна Америка во првиот квартал опадна за 22%, како резултат на соочувањето со конкуренцијата од евтини козметички производи во аптеките. Мрежа за директна продажба на своите производи Авон има и во Македонија.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: