04 Јули, 2024
0.0293

ВМРО-НП ЗА БУГАРСКОТО ДРЖАВЈАНСТВО НА БОЖИНОВСКА: Вака само ќе ја потврдиме тезата дека сѐ што е бугарско во Македонија се „шиканира“

Објавено во: Македонија 02 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Oд ВМРО-Народна партија на поранешниот премиер Љубчо Георгиевски велат дека со внимание ја следат дискусијата околу бугарскиот пасош на министерката за енергетика Сања Божиновска и забележуваат дека таа под притисок на нејзините сопартијци и колеги во партијата има поднесено барање за откажување од бугарското државјанство.

„ВМРО-Народна партија смета дека владејачката структура многу повеќе ќе ѝ помогне на Република Северна Македонија доколку министерката го зачува државјанството и пасош, со тоа ќе ја побие тезата на сите оние кои критикуваат дека во Македонија не може да функционираат Бугари на високи државни функции, а напротив вака само ќе ја потврдиме тезата дека сѐ што е бугарско во Македонија се „шиканира“,  нагласуваат од ВМРО-НП.

Партијата додава дека е индикативно што никој не реагира на српското државјанство и пасош на вицепремиерот Иван Стоилковиќ, а со тоа „само се зацврстува фактот дека во нашата Македонија масовно се применуваат двојни стандарди и дека водиме двојна политика кон етничките заедници во нашата држава“. Министерката Божиновска во изјава за Канал 5 пред  четири дена призна дека имала бугарски пасош. Објасни дека постапката за отпуст од бугарско државјанство била финализирана. Бугарски политичари во минатото тврдеа дека во земјава има функционери кои поседуваат бугарски пасоши. 

Можеби ќе ве интересира

АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ КОНТРА МИЦКОСКИ: Амбасадорите насочуваат како треба да дојдеме до полноправно членство

АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ КОНТРА МИЦКОСКИ: Амбасадорите насочуваат како треба да дојдеме до полноправно членство

ГЛАВЧЕВ: Шпекулативните хипотези за можно повторно отворање на преговарачката рамка се отфрлени од партнерите

ГЛАВЧЕВ: Шпекулативните хипотези за можно повторно отворање на преговарачката рамка се отфрлени од партнерите

МИЦКОСКИ ДО РАДЕВ: Сакам да ги следиме примерите на балтичките, скандинавските земји, но со навреди таа работа не бива

МИЦКОСКИ ДО РАДЕВ: Сакам да ги следиме примерите на балтичките, скандинавските земји, но со навреди таа работа не бива

Доктор Злате Мехмедовиќ нов директор на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација?

Доктор Злате Мехмедовиќ нов директор на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација?

ОД ЛАЖЕН ПРОФИЛ УПАТУВАЛ ЗАКАНИ КОН НОВИНАРКА - ОЈО со обвинение против 31-годишен жител на Грчец

ОД ЛАЖЕН ПРОФИЛ УПАТУВАЛ ЗАКАНИ КОН НОВИНАРКА - ОЈО со обвинение против 31-годишен жител на Грчец

ЌЕ СЕ НАМАЛАТ ФУНКЦИОНЕРИТЕ ВО ЗДРАВСТВОТО НО И ФУНКЦИОНЕРСКИТЕ НАДОМЕСТОЦИ: Еве што предвидуваат измените на законот за здравство

ЌЕ СЕ НАМАЛАТ ФУНКЦИОНЕРИТЕ ВО ЗДРАВСТВОТО НО И ФУНКЦИОНЕРСКИТЕ НАДОМЕСТОЦИ: Еве што предвидуваат измените на законот за здравство

Мицкоски: Стана практика амбасадорите да се мешаат во државните работи, нека понудат решенија

Мицкоски: Стана практика амбасадорите да се мешаат во државните работи, нека понудат решенија

ТРАЈАНОВСКИ СЕДНА НА ДИРЕКТОРСКОТО СТОЛЧЕ НА ДРЖАВНИ ПАТИШТА: Рустеми вели, го остава претпријатието во перфектна состојба

ТРАЈАНОВСКИ СЕДНА НА ДИРЕКТОРСКОТО СТОЛЧЕ НА ДРЖАВНИ ПАТИШТА: Рустеми вели, го остава претпријатието во перфектна состојба

СЕ ВРАЌААТ ПЕКОЛНИТЕ ГОРЕШТИНИ: Доаѓа период на стабилно, суво и топло време

СЕ ВРАЌААТ ПЕКОЛНИТЕ ГОРЕШТИНИ: Доаѓа период на стабилно, суво и топло време