14 Декември, 2025
0.0379

Австралиската полиција предупредува: Никако да не се користат мапите на Епл!

Објавено во: Свет 10 Декември, 2012 11:53

Добивај вести на Viber

Полицијата во градот Милдура, Австралија, ги предупредува возачите да не се потпираат на „Apple Maps“, бидејќи локацијата на градот во апликацијата на Епл е целосно неточна, пренесува Гардијан. Според полицијата „Apple Maps“ покажува дека Милдура се наоѓа во средината на националниот парк Мареј Сансет, или на околу 70 км. од вистинската локација на градот. Уште полошо било тоа што температурите во националниот парк достигнуваат и до 46 степени Целзиусови и таму нема вода за пиење. Според полицијата, некои од возачите токму водени од мапата на Епл се загубиле во паркот, па поминале без храна и вода и до 24 часа. Некои од нив, пак, требало да возат или пешачат наоколу за да добијат опсег на мобилните телефони кои бидејќи сигналот во паркот е слаб. Од полицијата во градот се поврзале со Епл во врска со проблемот. Додека тој се се реши, сепак, полицијата ги советува возачите да користат други мапи. „Apple Maps“ доби бројни критики за неточните податоци и проблеми со сликите, откако го замени „Google Maps“ во уредите со оперативниот систем iOS. Главниот извршен директор на Епл, Тим Кук се извини јавно, а компанијата неодамна го разреши шефот на тимот кој ја создал апликацијата „Apple Maps“.

Можеби ќе ве интересира

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала