Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
Објавено во: Свет 14 Декември, 2025 14:16
Русија не очекува позитивен исход од разговорите за прекин на огнот во Украина што се одржуваат во Берлин, изјави денеска за руската државна телевизија денеска. Јуриј Ушаков, помошник на претседателот Владимир Путин за надворешна политика.
Ушаков во забелешките снимени во петокот, но емитувани денеска, рече дека придонесите од Украина и европските сили на мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп „тешко дека ќе бидат конструктивни“.
- Во тоа лежи проблемот, рече Ушаков, истакнувајќи ја руската увереност дека американската страна ја разбира руската позиција.
Ушаков јасно стави до знаење дека Русија нема да ги повлече своите територијални барања, вклучително и тоа Киев целосно да се повлече од оние делови на двата источни региони, Доњецк и Луганск, што руските сили сè уште не ги окупирале.
- Прашањето за териториите беше активно дискутирано во Москва, рече Ушаков, осврнувајќи се на петчасовните разговори меѓу американскиот специјален пратеник Стив Виткоф и Путин на почетокот на месецот.
- Американците не само што ја знаат нашата позиција, туку и ја разбираат, додаде тој.
Виткоф ја предводи американската делегација на разговорите во Берлин.
- Москва не знае што Украинците и нивните европски сојузници планираат, додаде Ушаков, нагласувајќи: „Тешко дека ќе биде нешто добро“.
Тој додаде дека соништата на украинскиот претседател Володомир Зеленски за членство на Украина во НАТО и за враќање на полуостровот Крим, анектиран од Русија во 2014 година, немаат шанси да се реализираат.
Виткоф и Џаред Кушнер, зетот на претседателот Доналд Трамп, пристигнаа во Берлин денеска за да ја предводат американската делегација на разговорите за Украина. Украина се брани од руска инвазија од февруари 2022 година
Можеби ќе ве интересира
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете
Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела
(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала




