Австрија не ги прифаќа мигрантите од Германија
Објавено во: Свет 08 Јули, 2018
Австрискиот министер за внатрешни работи Херберт Кикл им порача на германските власти дека земјата нема да прифати ниту еден мигрант од нив.
Откако Ангела Мерел веќе се договори со Италија и Грција за прифаќање на мигрантите, сега на ред е Австрија, која реши да воведе построга политика за мигрантите. Во однос на барањето да ги отвори своите граници за нивно преминување од Германија, министерот за медиумите изјави: „ Ние нема да преземеме некого за кого не сме надлежни. Напротив, ќе ја зголемиме контролата на јужната граница. Ние и понатаму ќе вршиме притисок за да се реши овој проблем таму каде што му е местото и тоа надвор од границите на ЕУ. “
Се очекува реакција од страна на германските власти.