15 Мај, 2024
0.0263

Азески и Стопанската комора домаќини на КИФ - Заеднички проекти за вработување на младите

Објавено во: Мои пари 23 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Стопанската комора на Црна Гора беше домаќин на седницата на Коморскиот инвестициски форум (КИФ), што се одржа на 21 април 2018 година во Подгорица. На работната средба, покрај претседателите на стопанските комори од регионот – членки на КИФ (Стопанската комора на Македонија, Црна Гора, Србија, Косово, БиХ, Албанија, Словенија и Хрватска), учествуваа и претседателот на EUROCHAMBRES, Кристоф Лајтл, и потпретседателот Волфганг Гренке, како ипретставници од стопанските комори на Турција и Војводина, како и на слободните зони на Србија.

На средбата со претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, претседателот на Eurochambres, Кристоф Лајтл ја пренесе пораката на еврокомесарот Јоханес Хан дека коморите мора да го поттикнуваат развојот на меѓусебната трговија, инвестициите, што покрај процесот на дигитализација во регионот, се многу значајни за заедничкиот европски пат.

На состанокот на КИФ беше посочено дека EUROCHAMBRES ги поддржува процесите на интеграција на Балканот, а притоа мошне значајно е почитување на владеењето на правото за поттикнување на инвестиционите иницијативи во регионот. Западен Балкан мора да придонесе за развојот на Европа. Коморите од Западен Балкан се соочуваат со европските предизвици - интеграција во бизнис-заедницата на ЕУ -– истакна Лајтл.

Членките на КИФ ги разгледаа и заедничките иницијативи и проекти за намалување на невработеноста, првенствено на младите луѓе, преку воспоставување заеднички проекти за стручно образование, имплементација на дуалниот систем на образвание и обезбедувањето стручен и квалификуван кадар, во согласност со потребите на работодавачите, како заеднички предизвик за соочување со невработеноста на земјите од регионот. 

Исто така, во наредниот период, КИФ своите активности ќе ги насочи кон унапредување на онлајн - Инвестиционата платформа, активностите околу Форумот за регионално поврзување, односно развој на единствен економски простор, како и други значајни регионални проектни активности. 


Можеби ќе ве интересира

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Вложениот труд носи сатисфакција

Вложениот труд носи сатисфакција

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура