19 Мај, 2024
0.0269

Азиски берзи: Благ пораст на индексите, загубите компензирани

Објавено во: Свет 29 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Азиските индекси го завршија тргувањето во вторникот со раст откако јапонските и корејските пазари ги компензираат загубите во утринското тргување, а кинеските запишаа покачувања по Сам сесијата.

„Сепак волумените во регионот се многу мали, па дури и помали во споредба со неделата пред Божиќ, па е тешко да се прават заклучоци. Главната тежина на пазарите доаѓа од секторите за енергетика и материјалите“, изјавил Ангус Николсон, пазарен аналитичар во „IG“.

Главниот кинески индекс „Shanghai Composite“ се зголеми за 0.85%, откако во понеделникот изгуби 2,6% како резултат на распродавање во попладневната сесија.

„Shenzhen Composite“ ја заврши сесијата со 0,95% зголемување, а Хонг Конг „Hang Seng“ запиша раст од 0,34%. Пред отворањето на берзата во вторникот „Народна банка“ уште еднаш го намали референтниот курс на јуанот до 6,4864 јуани за долар, што е најниско ниво од јуни 2011 година.

Акциите на повеќето инвестициски посредници се тргуваа на зелена територија, а банката „Hua Xia Bank“ забележа 3,23% поскапување на акциите по веста дека „Deutsche Bank“ ќе го продаде својот удел на осигурителната компанија „PICC Property and Casualty“.

Австралискиот индекс „S & P ASX 200“ додаде 1,15 поени во својата прва седница по 4-дневниот одмор. Сите сектори со исклучок на производителите на материјали завршија на зелена територија. Акциите на двете најголеми рударски компании „Rio Tinto“ и „BHP Billiton“ поевтинија за 2,57% и 1,25%.

Јапонскиот пазар се компензира со претходните загуби, со што индексот „Nikkei 225“ се зголеми за 0.58%. „Toshiba“, која се уште се опоравува од последиците на скандалот, потврди дека ќе бара дополнителни кредитни линии вредни 2,5 милијарди долари за финансирање на нивното преструктуирање. Акциите на технолошката компанија поскапеа за 2,7% во вторникот, откако минатата недела поевтинија со над 15%.

Во Јужна Кореја индексот „Kospi“ запиша раст од 0,1%, како и повеќето компании во групата на „Samsung“ забележаа поскапување на акциите.

Можеби ќе ве интересира

ИРАН: Двајца патници од урнатиот хеликоптер контактирале со спасувачките екипи

ИРАН: Двајца патници од урнатиот хеликоптер контактирале со спасувачките екипи

ЗА ПУКАЊЕТО ВО ФИЦО: Дали напаѓачот делувал сам?

ЗА ПУКАЊЕТО ВО ФИЦО: Дали напаѓачот делувал сам?

ЦРВЕНАТА ПОЛУМЕСЕЧИНА СЕ КОРИГИРА: Сега велат дека нивни спасувачи не исчезнале

ЦРВЕНАТА ПОЛУМЕСЕЧИНА СЕ КОРИГИРА: Сега велат дека нивни спасувачи не исчезнале

ИРАН: Исчезнаа тројца членови на спасувачката служба кои трагаат по урнатиот хеликоптер на Раиси

ИРАН: Исчезнаа тројца членови на спасувачката служба кои трагаат по урнатиот хеликоптер на Раиси

УНИКАТНО: Девојка од Чикаго на 17 години стана доктор на науки

УНИКАТНО: Девојка од Чикаго на 17 години стана доктор на науки

„ТЕШКО СЛЕТУВАЊЕ“: Со дронови го бараат хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

„ТЕШКО СЛЕТУВАЊЕ“: Со дронови го бараат хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

ЗАГИНА ВО БОРБА: Украина загуби еден од своите најдобри пилоти

ЗАГИНА ВО БОРБА: Украина загуби еден од своите најдобри пилоти

(ВИДЕО) НЕСРЕЌА: Се урна хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ибрахам Раиси

(ВИДЕО) НЕСРЕЌА: Се урна хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ибрахам Раиси

РУСИЈА ИЗВРШИ НАПАД НА ХАРКОВ: Пет луѓе загинаа, а најмалку 15 се ранети

РУСИЈА ИЗВРШИ НАПАД НА ХАРКОВ: Пет луѓе загинаа, а најмалку 15 се ранети