04 Мај, 2024
0.0396

Азиските берзи скокаат, доларот на највиско ниво во последните 14 години

Објавено во: Економија 04 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

На азиските берзи денес цените на акциите пораснаа, благодарение на подемот на Волстрит и добрите економски показатели, додека вредноста на доларот  кон кошничката на валути достигна ново највисоко ниво во последните 14 години.

На Токиската берза Никеи индексот во 7,30 ч бил на добивка повеќе од 2 отсто, додека цените на акциите во Австралија, Шангај и Сингапур пораснале помеѓу 0,1 и 0,9 отсто.

Во Хонг Конг и Јужна Кореја благо паднале додека MSCI  индексот на азиско пацифичките акции, без јапонските, во 7,30 ч бил на добивка од 0,1 отсто.

Азиските вложувачи ги охрабрил вчерашниот раст на цените на акциите на Волстрит, со што во новата година е продолжен подемот кој трае од ноември, кога Доналд Трамп победи во трката за Белата куќа.

Силниот скок на токискиот Никеи индекс е и поради слабеењето на јенот кон доларот, поради што јапонските извозни производи стануваат ценовно конкурентни на старнските пазари.

Токиската берза ја поддржаа и податоците за раст на активноста во јапонскиот производен сектор на највисоко ниво во година дена.

Доброто расположение на азиските берза е и благодарение на назнаките за јакнење на кинеската економија, по забавувањето на растот во минатата година.

Позитивно на пазарот влијае и опоравувањето на цените на нафтата, откако вчера паднале повеќе од 2 отсто. Утрово на американскиот пазар цената на барел порасна 30 центи, на 52,65 долари, додека на лондонскиот пазар барелот поскапе 32 центи, на 55,82 долари.

Курсот на доларот спрема јапонската валута се движи околу 118,10 јени, додека вчера во овој период изнесувал 117,38 јени.

Американската валута зајакнала и во однос на европската, па цената на еврото се лизнала на 1,0405 долари, додека вчера во овој период изнесувала 1,0470 долари.

Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски