20 Мај, 2024
0.0287

БАБОВСКИ ПРДУПРЕДУВА - ЗООНОЗИТЕ СЕ ОПАСНИ ПО ЗДРАВЈЕТО НА ЖИВОТНИТЕ И НА ЛУЃЕТО: Да се одбегнуваат места каде што има комарци и крлежи

Објавено во: Македонија 06 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

Зоонозите се болести на домашните и на дивите животни кои се пренесуваат  и на луѓето. Причинители на зоонози се разни видови микроорганизми и тоа вируси, бактерии, паразити, габички и други. Извор на зараза за човекот се домашните и дивите животни, или нивната непосредна средина, доколку е контаминирана со нивни секрети и екскрети, а во одредени случаи и инфицираниот човек, иако тој ретко може да биде извор на зараза.

-Луѓето може да се инфицираат и преку одредени производи млеко,  месо, јајца или суровини - кожи, особено доколку се со непроверено потекло или се добиени од објекти и оператори со храна кои не се одобрени и не се под контрола на надлежен орган. Причинители на зоонози се и инсектите - вектори. Улога на вектори имаат и крлежите, вошките, болвите, комарците како и други инсекти артроподи – истакнува Николче Бабовски, директор на Агенција за храна и ветеринарство по повод 6 Јули – Светски ден на зоонозите.

На зоонози најмногу се изложени луѓе кои работат со животни или работат во производство и преработка на производи кои потекнуваат од животни месо, кожа, волна - сточари, ветеринари, ловџии. “

„Домашните животни, поради поголем контакт со луѓето, многу почесто се извор на зараза од дивите животни, вели Бабовски и апелира, поради овие причини, домашните миленичиња по препорака и совет на ветеринар да се третираат против паразити. Рацете  да се мијат редовно, да не се допираат лицето, областа околу устата и носот со валкани раце, но и граѓаните да не одат боси по трева и да ги одбегнуваат местата каде што има комарци и крлежи”.

Доколку граѓаните се наоѓаат на место каде што има многу комарци, да носат светла платнена облека со долги ракави и ногавици која ќе го заштити нивното тело од убоди, по прошетка во природа облеката и телото да се прегледаат.

-Доколку забележите крлеж, тој треба веднаш да е  се отстрани од страна на стручно лице – лекар. Да се внимава и да не се пие вода од места каде што постојат индикации дека можеби е загадена со животински измет. Храната термички да се третира, да се одбегнуваат контакти со глодари и нивни секрет. Доколку од својата околина мора да се отстрани угинато животно, треба да се користат маска и гумени ракавици, а мршата треба претходно да се дезинфицира со средство за дезинфекција - апелира тој.

Храната да се заштити од глодари и да се чува на безбедно место. Зеленчукот и овошјето темелно да се мијат пред употреба.


Можеби ќе ве интересира

„ПРЕТХОДНО НА ОВАА ТЕРИТОРИЈА ИМАШЕ ДРЖАВА СО ВОДСТВО СО КОЕ НЕ МОЖЕА ДА ИГРААТ МАЈТАП“: Груевски уште еднаш распали, овој пат за Грција и досегашната влада

„ПРЕТХОДНО НА ОВАА ТЕРИТОРИЈА ИМАШЕ ДРЖАВА СО ВОДСТВО СО КОЕ НЕ МОЖЕА ДА ИГРААТ МАЈТАП“: Груевски уште еднаш распали, овој пат за Грција и досегашната влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание