Бачев верува во необјавени, а не во објавени анкети
Објавено во: Македонија 12 Август, 2018 17:55
„Бојкотот на референдумот ништо повеќе не може да го спречи. Процесот е тргнат, храбро, решително и во интерес на народот, бидејќи, македонскиот народ и поголем дел од граѓаните не сакаат Македонците да бидат избришани од светската мапа на нации“, стои во соопштението на Единствена Македонија на Јанко Бачев, наистакнатиот противник на остварување на цензус на престојниот референдум на 30 септември.
Неговата партија излезе со коментар на неодамна објавената анкета МЦМС, според чие истражување на граѓанското изјаснување ќе излезат 66 отсто од граѓаните во гласачките единици.
Од партијата Единствена Македонија на Јанко Бачев велат дека успеале да дојдат до анкета која, како што истакнуваат, ја нарачала Владата, а која покажува дека 91 отсто од испитаниците се против влез во НАТО, а 80 отсто ќе го бојкотираат референдумот.
„Резултатите од оваа анкета Владата ги крие, а во јавноста пушти лажна анкета преку свои платеници: Меѓународниот центар за меѓународна соработка, Агенцијата ‘М-проспект; која е во служба на СДСМ уште додека беа во опозиција, а Заев своевремено на двапати има добиено наменска награда од нив за таканаречен најуспешен менаџер во југоисточна Европа и владината телевизија ‘Телма’, со обезбедувањето на пропагандната подршка“, се наведува во партиското соопштение.
Од Единствена Македонија наведуваат дека марионетската власт во Скопје мора да е во очај штом со лажни анкети започнува специјална војна пред референдумот на 30 септември.
„Бојкотот на референдумот ништо повеќе не може да го спречи. Процесот е тргнат, храбро, решително и во интерес на народот, бидејќи, македонскиот народ и поголем дел од граѓаните не сакаат Македонците да бидат избришани од светската мапа на нации“, стои во соопштението.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„НЕМА ДА СЕ ГРАДАТ ОГРАДЕНИ КАМПОВИ, ТУКУ СТАНОВИ ЗА ОДБИЕНИТЕ АЗИЛАНТИ“: Професорот Трајковски со реакција за мигрантите
Левица: Томовски дели тендери на негови блиски фирми, ќе објавиме фотографии
Томовски најави тужба за СДСМ: „Јака работа направиле, го нашле мојот број“
Пред Поликлиниката Ченто најден починат 44 годишен скопјанец
Ваботен во затворот Скопје фатил двајца затвореници со кокаин
Арсовски до Кузеска: Подготвувам повеќе тужби, се надевам дека се поготвени да докажат на Суд
Им дала пари и накит за да и „тргнат магија“: Две жени измамиле жителка на кочанско село
Жени од цела Македонија овде бараат лек за рожба: „Каменот на плодноста“ сместен во златната котлина крие исцелителна тајна
„КОЈ ЌЕ СЕ ИЗВИНУВА СЕГА?“: СДСМ обајви телефонски број од фирмата „Сити Аутсорсинг“ за кој тврди дека е на Томовски





