03 Мај, 2024
0.0487

Баџанакот на Талат Џафери: Се пријавив за антикорупционер затоа што за прв пат изборот е без политика

Објавено во: Економија 09 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Нури Бајрами, еден од новоизбраните седум корупционери кои ќе ја водат Комисијата за антокорупција, во писмо до новинарскиот уредник Бранко Геровски вели дека претседателот на Собранието, Талат Џафери, не побарал од него да се пријави на огласот иако му е баџанак. 

Во одговорот на прозивката, Бајрами вели дека се пријави на огласот бидејќи за прв пат се спроведува транспарентен начин на избор на членови на Комисијата без влијание од политиката.

„Покрај другите услови, „условот под ѓ“, во последните десет години лицето да не било пратеник во Собранието на Република Македонија, член на Владата на Република Македонија, да не било донатор на политичка партија или да не вршело функција во органи на политичка партија“, што произлегува од членот 11 став 2 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, е исполнет во целост.

Никаде во законот и во огласот не беше наведено, што правно и не може да се наведе, да не конкурираат блиски лица на функционери, туку како да се спроведува постапката. Талат Џафери не беше член ни на Комисијата за селекција и спроведување на интервју, ни на Комисијата за прашањата на изборите и именувањата.

Сета почит кон вас и вашето искуство и залагање како новинар, аналитичар и колумнист, но постапката беше јавна. Многу тешки и навредливи се зборовите „подло, безобразно и ниско“! Афективно и инерционо се става тешка дамка на новата формирана комисија и на сите учесници за спроведување на постапката по објавениот јавен оглас“, вели новозибраниот антикорупционер во дел од писмото.

Ѕредникот Геровски искоментира дека на граѓаните им била ветена нулта толеранција во борбата против корупцијата и затоа таа борба не смее да почне со непотизам во најоддговорниот државен орган за спречување на корупцијата



Можеби ќе ве интересира

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување