18 Мај, 2024
0.0362

Багатела! Кој си купи 10 отсто од „Макошпед“ за 209.000 евра?

Објавено во: Економија 08 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Нов сопственик добија 10,4 отсто од акциите со право на глас во шпедицијата „Макошпед“ откако на јавната аукција вчера имаше само една понуда и новиот сопственик ги купи сите акции по почетната цена од 157 денари. Новиот сопственик купи акција што книговодствено вреди 1001 денар по пазарна цена од 157 денари односно плати шест пати поевтино од книговодствената цена на акцијата!

Засега не се знае кој е новиот купувач на акциите. Се знае дека купувачот е клиент на „Фершпед брокер“, а продажбата ја реализираа брокерите на дирекцијата за тргување на „Комерцијална банка“. Речиси е извесно, иако не е официјално потврдено ниту пак демантирано, дека продавач на акциите е „Технометал Вардар“. Овој заклучок се изведува врз основа на тоа што „Технометал Вардар“ има акции во „Макошпед“ и нивното учество дури и во промил е идентично со количеството акции што беа понудени на продажба во пакетот „се или ништо“.

„Фактор“ во интерес на целосно и објективно информирање на јавноста и на малите акционери во „Макошпед“ достави прашања до „Технометал Вардар“ и праша дали тие се продавачи и ако се тие зошто продаваат акции во „Макошпед“? При поставувањето на прашањето бевме водени од потребата на јавноста да и се разјасни зошто се продаваат акции кои книговодствено вредат 1.001 денар за цена од 157 денари за акција. Доколку добиеме одговори од „Технометал Вардар“ ќе ги објавиме во целост.

Како и да е, во понеделник на 13 март во базата на Централниот депозитар за хартии од вредност ќе биде објавена новата акционерска состојба во „Макошпед“. Новиот или новите акционери ќе станат јавни се разбира само доколку купувачи се еден и два нови акционери кои би поделиле меѓу себе по пет отсто од акциите. Воедно ќе стане извесно дали „Технометал Вардар“ е продавач на овие акции.

Освен „Технометал Вардар“ акционери во „Макошпед“ се „Ултимус“ со 23,9 отсто од акциите и „Мепком“ со 19 отсто од правата на глас. Заедничко им е тоа што  и двете фирми се акционери во „Технометал Вардар“. Во „Макошпед“ голем акционер е и фирмата „Бусико“ и поседува 18,9 отсто од акциите. Во „Макошпед“ акции имаат и 703 домашни физички лица кои заедно поседуваат 22,1 отсто од гласачките права. Цената по која се продадени 10,4 отсто од акциите вчера е највисоката пазарна цена во период од една година. Во овој период се истргувани вкупно 3.450 акции. Во пакетот „се или ништо“ се продадени 82.106 обични акции.

„Макошпед“ е шпедитерска компанија која има сродна дејност со „Фершпед“ и работи царинско застапување, секаков вид на транспорт, осигурување на стока при транспорт, увоз-извоз, маркетинг и складирање. За 2016 година „Макошпед“ има добивка од 11,4 милиони денари што е за над 100.000 евра подобар резултат во споредба со 2015 година. Лани компанијата имала приход од редовни активности во износ од 70,14 милиони денари. Книговодствената вредност на акцијата што се нуди со почетна цена од 157 денари е 1.001 денар! Компанијата во последниве три години не делела дивиденда.


Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа