„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
Објавено во: Балкан 05 Декември, 2025 09:10
Основните и средните училишта во областа Атика, поширокиот регион на Атина, со одлука на префектот, денеска се затворени, поради невремето „Бајрон“ што ја зафати цела Грција, додека во грчката метропола создаде сериозни проблеми со обилен дожд, поплавени улици и штети, јави дописничката на МИА од Атина.
Невремето со обилен дожд и грмотевици започна вчера во попладневните часови, траеше во текот на ноќта и продолжува и денеска, а противпожарната служба на Грција до 6 часот утрово во областа Атика примила 290 повици за помош, при што интервенирала во 90 испумпувања на вода, 27 сечења на дрвја и 12 пренесувања на лица на безбедни локации.
As storm #Byron slams into #Greece, a disaster response team managed a last-minute rescue of 3 people whose vehicle had become trapped and submerged by floodwaters in Skala, Laconia.
— Daphne Tolis (@daphnetoli) December 4, 2025
Meteorologists warn that 200–250 tons of water per hectare could fall over parts of the country. pic.twitter.com/QwGus4sj9u
Според мрежата на автоматски метеоролошки станици на Националната опсерваторија во Атина и порталот Метео, заклучно со 7 часот утрово, најголемите количества дожд се забележани во западна и северна Атика,
Поконкретно, најголемото количество дожд е регистрирано во Влихада во западна Атика – 131 милиметри дожд, односно 131 литар вода на квадратен метар и во Авлона во источна Атика со 108 милиметри, односни 108 литри на квадратен метар.
Во другите делови на Атина, според истите податоци, количината дожд е меѓу 15 и 35 литри на квадратен метар, во зависност од населбата.

Вчера попладне од периферијата Атика соопштија дека сите училишта ќе останат затворени, додека пак префектот Никос Хардаљас истакна дека за одлуката ги зеле предвид научните податоци во соработка со цивилната заштита, а „безбедноста на децата е приоритет за кој не се преговара“, додека од Министерството за образование на Грција објаснија дека учениците ќе следат онлајн настава.
Дополнително, од Министерството за внатрешни работи, надлежно за јавниот сектор информираа дека доколку поради времето државните службеници не се во можност да дојдат на работа, можат да останат дома.
Во повеќе делови на Атина, вчера имаше поплавени улици, на неколку булевари утрово во прекин е сообраќајот, проблеми има и на автопатот кон Коринт, додека пак најсериозна е ситуацијата во западните предградија на Атика, Неа Перамо, Мегара и Мандра област во која големи поплави имаше и во 2017 година.
Рано утрово, жителите на конкретните предградија добија порака од бројот 112 за итни случаи да се оддалечат од подрумски и приземни простории на зградите и да се префрлат на повисоки катови.

Пораки од 112 со предупредување за невремето и апел да избегнуваат непотребни движења добија и сите оние кои се во делови на Пелопонез, во северна и централна Грција, во областа Атија, на островите Евија, Хиос, Самос, Икарија, Крит, како и на Додеканез и Кикладските острови.
Екстремните временски појави, предизвикани од невремето „Бајрон“ се очекува во Грција да траат до утре наутро.
Фото: Принтскрин/Икс
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии
ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени
Косово ќе отвори фабрика за муниција до крајот на 2026 година





