10 Мај, 2024
0.0239

Балкански етноцентризам

Објавено во: Колумни 18 Октомври, 2014

Добивај вести на Viber

“Балкане,Балкане, Балкане мој, биди ми силен и добро ми стој…Секогаш некој околу нас доаѓа и ни прети....”-стихови кое ечеа од грлата на илјадници млади, на концертите на култната група Азра, која жареше и палеше ширум балканските простори. И доволно беше првиот звук на гитарата кој ја навестуваше популарната песна и веднаш се случуваше еуфорија, мигови на восклик кај публиката, која секој збор го знаеше наизуст и со посебен емоционален набој го воспеваше. Она што со сигурност се забележуваше беа среќни луѓе, лица насмеани и радост обдарени, млади полни со енергија и желба да сторат нешто подобро, орни за нови предизвици. Уф само колку убава беше таквата глетка, збрани млади луѓе на концерт на групи кои го прокламираа рокот и навистина на еден суптилен начин се развиваше еден култ кон тој тип на музика, кој е светлосни години подобар и поквалитетен од она што денес доминира на овие наши балкански простори, а тоа е турбо-фолкот. Но за тоа во друга прилика, поентата за навраќањето кон оваа песна се стиховите, зборови кои во себе вткајуваат силна поента и токму го одразуваат битисувањето на балканските народи. Гордоста да си балканец е специфично чувство кое се гаи Во мигови на вознес и опиени од убостите на музиката, малкумина посветуваат внимание и се концентрираат на стиховите кои се дел од една нумера, но ако се навлезе во нејзината суштина се доаѓа до поентата на самата песна. Стиховите погоре споменати токму ја одразуваат сржта на нашиот балкански менталитет. И во суштина многу други песни, отпеани и ненатпеани, се однесуваат на спецификите и на менталитетот на луѓето кои битисуваат на балканските простори. Не случајно и литературните опуси се богати и содржински и квантитативно со дела посветени на балканците, на сето она што нив ги обележува, на сиот културен хабитус и балкански дискурс. Гордоста да си балканец е специфично чувство кое се гаи и негува меѓу луѓето, поготово кога станува збор за опстојувањето на народите на Балканот и за оние традиционални и морални норми кои се одлика на балканците и токму затоа често со троскот се симболизира опстојувањето на балканските народи. Но има и една друга специфика, која не се перцепира и практицира во позитивна конотација, а тоа е страстите и националистичките чувства кои доминираат и во 21 век меѓу луѓето кои егзистираат на овие простори. Колку ли треба да ти е згасната сијаличката што се нарекува совест и тој внатрешен судија да е заспан за да можеш да посакаш трагедија на некој друг Жална и таговна е глетката на фудбалски натпревар меѓу држави од Балканот, каде наместо уживање во спортските вештини, умешности, компетенции и знаења на фудбалските маѓионичари, наместо бодрење на сопствената национална екипа со еден позитивен пристап, наместо песни кои ќе изобилуваат со содржина која подразбира јакнење на колективната свест во позитивен аспект со стихови во кои ќе се воспева магијата на фудбалот и на спортистите, наместо ракоплескање и насмевки, гледате намуртени лица, лица од кои блика омраза кон другиот, различниот, противникот, слушате стихови од кои ви се превртуваат цревата и извици на омаловажување, понижување по секоја основа и извици на закани и сеење на страв. Уф колку ли треба да си морално изолиран и осакатен за да можеш да посакаш лошо на некој кој не е едноставно ист со тебе по национална и верска припадност, колку ли треба да ти е згасната сијаличката што се нарекува совест и тој внатрешен судија да е заспан за да можеш да посакаш трагедија на некој друг, колку ли треба да ти е отсутно рациото за да сакаш да навредиш некого преку она што најмногу го боли и колку ли треба да си опериран од секаков страм и страв за да можеш да посакаш нечија смрт? Само болни умови и ситни души може да се хранат со национализам Што е тоа во луѓето тажно изусти во своите стихови ненадминливиот Тоше, и овие негови стихови се олицетворение на она што ни се случува денес, на нашето брутално секојдневие, на нашата реалност обременета со национализам. Во 21-от век да се усредоточиш на насилство од сите аспекти, да се насочиш кон желба да омаловажиш некого кој е поинаков од тебе, да посакаш да повредиш друг балканец, е нешто што ако не е трагично би било смешно. Но трагедијата е токму во проклетава реалност која не прави сервилни слуги на еден проклет национализам, не прави неми сведоци на еден туторен шовинизам, не прави индирекно поддржувачи на етноцентризам во своите крајни облици. Да го парафразирам Гиденс, овој наш забеган свет е дотолку забеган што наместо чекор нанапред, ние балканците одиме два наназад. Пуштањето на дронот со знаме на нова држава која се посакува и со ликови кои не се позитивен пример за толеранција и соживот, но и скандирање на навреди, физичка пресметка и желба за ликвидација е нешто што не доликува на совремие и развиена цивилизација. Простете ми на речникот, но само болни умови и ситни души може да се хранат со национализам и етноцентризам и да се задоволуваат со желби за нечие понижување и истребување. Само недозреани и недораснати лица може духовно да се хранат со нечија ментална и физичка болка. Само вредносно и морално осакатени може да посакуваат нечија болка и смрт. До кога ќе ги боледуваме балканските национализми и етноцентризам? Дали конечно ќе се сопре балканското лудило Чемер ми ја јаде душава гледајќи фудбалска утакмица во која наместо да уживам во убоста на играњето и во мајсториите на фудбалските великани и да се чувствувам релаксирано, јас тонам гледајќи бол, провокација, наелектризирана атмосфера и желба да се стори инцидент и да се повреди некој. Дали конечно ќе се сопре балканското лудило и дали детските болести национализам и етноцентризам конечно ќе ги одболуваме? Искрено не знам, а верувајте со сето срце и душа посакувам наместо за инциденти и фрустрации да говориме за спортски мајстории, наместо за црнила во спортот да говориме за спортски БОН ТОН, наместо за трагедии да слушаме и говориме за спектакли кои ќе ни ја милуваат душата и ќе не направам за миг опуштени и среќни. Широка палета на акции треба да се направи за да дојдеме до смислата на спортските манифестации и наместо дивеење да имаме уживање, но не треба да се откажуваме туку со сите сили, знаења, умеења и вештини да се втурнеме во борба за подобро спортско утре, за подобра иднина на генерациите на спортисти кои се и наша реалност и сегашност. Д-р Татјана Стојаноска Иванова Институт за социологија Филозофски факултет-Скопје  

Можеби ќе ве интересира

Путин почнува нова шестолетка

Путин почнува нова шестолетка

Оружје и дипломатија за Украина – сите погледи кон Кина

Оружје и дипломатија за Украина – сите погледи кон Кина