26 Јуни, 2024
0.0301

„Банана филм“ на Милчо Манчевски поднесе кривични пријави против раководители на Агенцијата за филм

Објавено во: Македонија 29 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber


„Банана филм“, продуцентската куќа на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски, поднесе кривични пријави против финансискиот советник на Агенцијата за филм, Бранко Петровски, против претседателот на Управниот одбор Игор Шокаровски и против членката на Управниот одбор, правникот Снежана Станковиќ. Тие најавуваат уште кривични пријави.

Придукцијата на режисерот Милчо Манчевски излезе со реакција по неколку дена откако Агенцијата за филм во мај поднесе кривична пријава за незаконско работење на „Банана филм“ и за тоа ја извести јавноста.

Петровски се обвинува за злоупотреба на службена положба која произлегува од конфликт на интереси. Станковиќ и Шокаровски се теретат за донесување одлуки на Управниот одбор на Агенцијата за филм кои се противзаконски.

Поради индиции изнесени во ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија, „Банана филм“ побара и од Финансиска полиција да изврши увид во работата на ДФРМ, но и на шест фирми во директна и индиректна сопственост (преку нивните семејства) на претседателот на Друштвото Игор Иванов-Изи од династијата Иванови и секретарот на друштвото Томислав Салковски, како и на нивните политичките заштитници.

„Банана филм“ доставила барање и до Комисијата за заштита на конкуренција да ја испита, како што велат од таму, недозволената државна помош од Агенцијата за филм до ДФРМ, која наводно била констатираната во извештајот на Министерството за култура од 2020, но и во новиот извештај на ДЗР, со барање таа да се укине и да се вратат досега противзаконски доделените 120.000 евра од државна каса до ДФРМ.

Сите опфатени во кривичната пријава, според „Банана филм“ остварувале противправна лична корист од своите незаконски постапки. Сознанијата врз кои се базираат кривичните пријави произлегуваат од наодите на Државниот завод за ревизија (ДЗР), Антикорупциска комисија (ДКСК), извештаи и инспекции при Министерството за култура и Транспаренси интернешнл.

Поднесени се и две тужби против Агенцијата за филм поради нанесување штета на оваа продуцентска куќа.

„Банана филм“ ги повикува Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, вицеприемерката за борба против корупција Славица Грковска, вицепремиерот Артан Груби и премиерот Димитар Ковачевски да го казнат криминалот во редовите на владејачката коалиција и на институциите кои таа ги контролира, како што е Агенцијата за филм.

„Ја поздравуваме акцијата на американскиот Стејт департмент и во тој дух ги повикуваме и засегнатите страни од меѓународната заедница кои досега предупредуваа за корупцијата во Македонија да се посветат на овој конкретен случај затоа што зад него се кријат многу незаконити работи“, велат од продукцијата.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Taравари најави вработувања во здравството, а разрешени се и директори на скопските клиники

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Taравари најави вработувања во здравството, а разрешени се и директори на скопските клиники

ЗГОЛЕМЕНА ФРЕКВЕНЦИЈА НА ВОЗИЛА: Колку се чека на Табановце?

ЗГОЛЕМЕНА ФРЕКВЕНЦИЈА НА ВОЗИЛА: Колку се чека на Табановце?

ПИСОНЕРО: Жалам за неупoтребата на уставното име од страна на дел од лидерите на Северна Македонија

ПИСОНЕРО: Жалам за неупoтребата на уставното име од страна на дел од лидерите на Северна Македонија

КУРТИ ДО МИЦКОСКИ: Со нетрпение очекувам да работам со вас за натамошно подобрување на нашите веќе цврсти билатерални односи

КУРТИ ДО МИЦКОСКИ: Со нетрпение очекувам да работам со вас за натамошно подобрување на нашите веќе цврсти билатерални односи

(ВИДЕО) ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Нема да ве разочарам, продолжуваме понатаму заедно

(ВИДЕО) ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Нема да ве разочарам, продолжуваме понатаму заедно

БУГАРСКОТО МНР ВЕЛИ ДЕКА ПОРАДИ ПРОВОКАЦИИ МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИ ВРЕМЕ: Нема да има предоговарање на рамката

БУГАРСКОТО МНР ВЕЛИ ДЕКА ПОРАДИ ПРОВОКАЦИИ МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИ ВРЕМЕ: Нема да има предоговарање на рамката

ТАРАВАРИ СО ПЛАН: Еве како ќе го зголеми бројот на вработени во здравството

ТАРАВАРИ СО ПЛАН: Еве како ќе го зголеми бројот на вработени во здравството

МАРИНАКИС: Не може да биде селективно спроведувањето на меѓународното право и тоа е нешто што нема да биде толерирано

МАРИНАКИС: Не може да биде селективно спроведувањето на меѓународното право и тоа е нешто што нема да биде толерирано

„Сакате да ја замајувате јавноста и да го поништите законот со тоа што ќе нанесете атомска бомба“: Ибраимоски тврди дека никому не се заканувал, еве што вели

„Сакате да ја замајувате јавноста и да го поништите законот со тоа што ќе нанесете атомска бомба“: Ибраимоски тврди дека никому не се заканувал, еве што вели