19 Мај, 2024
0.0324

БАНКИТЕ ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ ДА БИДАТ ТОЛЕРАНТНИ КОН ГРАЃАНИТЕ - повик од Владата за сите да можат да ја земат државната помош

Објавено во: Економија 27 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Владата бара толеранција од банките, за сите граѓани за кои беше наменета државната помош од 6.000 денари да можат да ја добијат. 

Ова на денешната прес конференција го изјави владиниот портпарол Душко Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање.

Според Арсовски, Владата досега ги обработила сите 78 илјади прговори од граѓани кои ги поднесоа, а кои не се најдоа на листата Купувам домашно.

„Обработени се сите 78 илјади приговори, а за бројката за тоа колку се прифатени а колку се одбиени, ќе излеземе во текот на утрешниот ден. Иако Владата немаше законски рок, сите овие приговори се обработени. За тоа дали им се прифатени или одбиен приговорите, граѓаните ќе добијат одговори на електронската адреса која ја навеле во приговорите. Согласно со прифатените приговори, ќе се ажурираат и податоците на веб страната kupuvamdomasno.gov.mk“, објасни Арсовски.

Во врска со тоа дали државната помош од 6.000 денари ќе ја добијат граѓаните кои имаа блокирани сметки или не успеаја да ги отворат, Арсовски вели дека овој технички проблем успеале да го решат најголе дел од граѓаните. За оние со блокирани сметки банките кои имаа технички можности им отворија нови сметки и тие таму ќе ги добијат државните пари. 

„Владата очекува од банките да бидат толерантни во наредните денови кон граѓаните, се додека заврши исплатата, бидејќи станува збор за најранливите граѓани, кои што се најпогодени од кризата. Владата прави се за помошта од 27,5 милиони евра да стигне кон граѓаните“, рече Арсовски.

Според него, Владата направи многу, и зато и натаму потенцира дека сите оние на кои им следува државна помош од 6.000 денари, ќе стигне до сите граѓани до кои е наменета.

„Затоа очекуваме толеранција од банките за навреме да заврш тој процес“, рече Арсовски.

На новинарско прашање да дообјасни, Арсовски рече дека е точно оти законскиот рок за исплата истече во петокот, минатата недела, односно до 25 декември, до кога, како што вели, биле исплатени најголемит дел од средствата.

„За најголем број од случаите проблемот е решен. Има случаи, на пример, кога проблемот не може да биде решен. На пример луѓе, кои по одредена основа добиле ваква помош, а живеат во странство, не возможно е да ги ажурираат своите податоци. Затоа, за многу мал ваков број случаи кои не се затворени, апелиравме до банките, да има поголема толеранција за тоа да биде завршено до Нова Година“, рече Арсовскиќ.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?