16 Јануари, 2025
0.0362

Банките заинтересирани за финансирање на енергетски проекти

Објавено во: Економија 30 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Банките заинтерсирани за финансирање проекти од обновливи извори на енергија денеска имаа можност да се запознаат со советодавните и финансиските производи на Меѓународната финансиска корпорација - ИФЦ.

Македонија има потенцијал за искористување на обновливите извори на енергија, а банките треба да дадат придонес. Ова беше истакнато на работилница организирана од оваа институција, заедно со Здружението на банкарство при Стопанската комора на Македонија во Скопје.

Беше претставена обуката за банките, наменета за обработка на кредитните барања за финансирање на малите хидроелектрични централи и воведување на проектното финансирање на проектите од секторот на обновливите извори на енергија. Одделот за инвестициски услуги ги претстави финансиските производи кои банките можат да ги користат за наменски кредити во овој сектор.

- Шансите за развој на банкарскиот сектор на Македонија се огледуваат во можностите за нови знаења и техники за анализа на проектите, како и во подготовката на кредитните барања на клиентите чии идеи и кредитни барања се поврзани со обновливите извори на енергија. Со сиот потенцијал за користење на обновливите извори на енергија кој го поседува Македонија, се отвара реална шанса и за развојот на електроенергетскиот сектор во земјата. Банкарскиот сектор во Македонија, во соработка со ИФЦ, може да даде полн придонес во тој процес, истакна Ѓорѓи Јанчовски, претседателот на Здружението на банкарството при Стопанската комора на Маекедонија.

Целта на работилницата е унапредувањето на внатрешните капацитети на комерцијалните банки, заради подигнување на нивото на знаење на советниците за кредитирање во однос на техничките, правните, еколошките, социјалите и финансиските ризици, кои со себе ги носат проектите за мали хидроелектрични централи, како и во однос на подоброто разбирање на специфичната правна рамка за која се однесува на секторот на обновливи извори на енергија. На работилницата присуствуваа претставници на 10 комерцијални банки.

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА САКА ДА ВЛЕЗЕ ВО БРИКС: Земја сојузник на Путин

УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА САКА ДА ВЛЕЗЕ ВО БРИКС: Земја сојузник на Путин

„ДИЗЕЛАШИТЕ“ ИТНО НА БЕНЗИНСКА, ОД УТРЕ ЌЕ ПЛАЌААТ ПОВЕЌЕ ЗА ДВА ДЕНАРИ - нови цени на горивата од Регулаторна

„ДИЗЕЛАШИТЕ“ ИТНО НА БЕНЗИНСКА, ОД УТРЕ ЌЕ ПЛАЌААТ ПОВЕЌЕ ЗА ДВА ДЕНАРИ - нови цени на горивата од Регулаторна

ЛИДЛ Е „НАЈДОБАР ВРАБОТУВАЧ“: „Вработените се во центарот на нашиот бизнис“ во Србија

ЛИДЛ Е „НАЈДОБАР ВРАБОТУВАЧ“: „Вработените се во центарот на нашиот бизнис“ во Србија

ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ВО РЕЦЕСИЈА - економските перформанси на земјата опаѓаат втора година по ред

ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ВО РЕЦЕСИЈА - економските перформанси на земјата опаѓаат втора година по ред

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО ПОТРЕБНИ СЕ ИСКУСТВО ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИСОТ, ЕДУКАЦИЈА И ИНВЕСТИЦИЈА“

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО ПОТРЕБНИ СЕ ИСКУСТВО ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИСОТ, ЕДУКАЦИЈА И ИНВЕСТИЦИЈА“

ЌЕ СЕ БИЕ ТЕШКА БИТКА ЗА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - ова се имињата предложени од М.Г. Фешн и „Промедика“, а свои луѓе бара и „Скопски пазар“

ЌЕ СЕ БИЕ ТЕШКА БИТКА ЗА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - ова се имињата предложени од М.Г. Фешн и „Промедика“, а свои луѓе бара и „Скопски пазар“

„ГОРДОСТА“ НА ГЕРМАНИЈА НА ПРОДАЖБА: Кинезите сакаат да ги купат фабриките на Фолксваген кои компанијата ги затвора

„ГОРДОСТА“ НА ГЕРМАНИЈА НА ПРОДАЖБА: Кинезите сакаат да ги купат фабриките на Фолксваген кои компанијата ги затвора

Скопска топилница по 13 години повторно почнува со работа? Ќар ќе имаат само локални и регионални бизнис играчи

Скопска топилница по 13 години повторно почнува со работа? Ќар ќе имаат само локални и регионални бизнис играчи

АРХИТЕКТОНСКО ЧУДО КОЕ ГО ИМПРЕСИОНИРА СВЕТОТ ВЕЌЕ 24 ГОДИНИ: Мост кој се претвора во подводен тунел и излегува во друга земја

АРХИТЕКТОНСКО ЧУДО КОЕ ГО ИМПРЕСИОНИРА СВЕТОТ ВЕЌЕ 24 ГОДИНИ: Мост кој се претвора во подводен тунел и излегува во друга земја