Банкноти од 500 евра повеќе нема да постојат?
Објавено во: Економија 09 Февруари, 2016 11:32
Гувернерот на ЕЦБ Марио Драги најави дека се подготвени да ја разгледаат можноста за престанување на штампање на банкноти од 500 евра поради тоа што и помагаат на криминалната дејност.
Драги истакнал дека за овој потег размислуваат поради константни предупредувања на полицијата дека токму оваа банкнота најмногу се користи на црниот пазар.
Сепак, членови на управниот одбор на банката бараат и додатни докази дека не се работи само за инсинуации.
Во Велика Британија го запреле користењето на банкноти од 500 евра, кои повеќе не може да се добијат ниту преку банкомати ниту во банките уште од 2010 бидејќи 90 одсто од побарувачката за нив доаѓа од криминални кругови.
Централната банка на Италија опиша на кој начин банкнотите со големи апоени ги погодуваат криминалните активности како продажба на дрога или затајување на данок бидејќи парите се лесни за пренесување и криење.
„Криминалот е дејност во која се плаќа исклучиво во готовина па помагаат и банкноти со големи апоени“, објаснила полицијата во Италија, во која исто така се проценува дека повеќе од 90 одсто од банкнотите од 500 евра циркулираат во мафијата.
Повлекувањето на тие банкноти го разгледува и Финска, а САД банкнотите од 1000 долари ги повлече од пазарот уште во 1969 година, откако е утврдено дека им помагаат на криминалците во развојот на црниот пазар.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




