26 Април, 2024
0.0299

Банско забранува изградба на нови ноќни клубови: „Не сакаме имиџ на елегантно ноќно одморалиште“

Објавено во: Балкан 07 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Општина Банско гласаше за уредба со која забранува изградба на повеќе ноќни клубови, казина и еротски барови во одморалиштето. Исто така, забрането е да се реорганизираат постоечките, кои се oколу дваесетина на број.

Идејата не е да се претвори планинскиот град во бучно одморалиште, туку да биде атрактивно за семејствата кои сакаат да се одморат. 

Според градоначалникот на градот Георги Икономов сега постоечките установи се доволно за потребите на туристите кои сакаат да се забавуваат во ноќните клубови. Според него, треба да се обезбеди мир, како за локалните жители на планинското одморалиште, така и за гостите кои ја сакаат тишината.

Икономов беше категоричен дека на едно место не може да го има сето тоа и Банско ќе се труди да привлекува туристи според својата визија - за луѓе кои сакаат да скијат и да се одмараат. 

"Во Бугарија има доволно други одморалишта, каде што можат да биде обезбедена ноќна забава", истакна Икономов, кој додал дека има и поплаки од ноќни барови и најважно е дека Банско не сака имиџ на „елегантно ноќно одморалиште“. 

Тој, исто така, рекол дека традициите на Банско се сочувани и идејата е дека тие ќе им бидат пренесени и на туристите.

Освен тоа од општината размислуваат и за забрана за изградба на нови хотели, бидејќи сега постоечките се сосема доволни за гостите на градот. Станува збор за изградба на станови и нови големи станбени згради. Во наредните три месеци ќе го коментираме тоа, посочил Георги Икономов, мислејќи на Општиот план во Банско.

Можеби ќе ве интересира

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци