18 Декември, 2025
0.0471

Баросо: Не можам да дадам датум за членството на Бугарија и Романија во шенген зоната

Објавено во: Балкан 15 Ноември, 2013 18:49

Добивај вести на Viber

Бугарија и Романија нема да станат дел од Шенген зоната од почетокот на 2014 година, заради ставовите на некои од земјите во заедницата, изјави претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо кој учествуваше на заедничката прес-конференција со премиерот на Романија Виктор Понта и на Молдавија Јуриј Ланке . Жозе Баросо коментира дека мислењето на Комисијата е дека двете земји ги исполнуваат техничките барања , но одлуката зависи и од другите земји во заедницата, па од таа причина тој не може да даде одговор кога земјите ќе влезат во Шенген. „Реалноста е дека одлуката не се донесува од европските институции , туку од земјите членки на ЕУ " , објасни тој. Баросо сепак направи поделба помеѓу Шенген и слободното движење на работна сила во ЕУ . Тоа е основен принцип и право на сите граѓани во заедницата и државите треба да го почитуваат , објасни тој. Претседателот на ЕК го  повика Романиците и Бугарите , за кои важат правилата за ограничени пазари на труд во некои земји од ЕУ , да прифатат дека тоа е многу чувствителна тема во некои држави. Меѓу главните теми на разговорите во Брисел биле енергетската безбедност и пристапувањето на Молдавија кон енергетската мрежа на ЕУ . Претседателот на ЕК ја истакна важноста на гасните врски меѓу Романија и Молдавија , кои всушност обезбедија пристапување на Кишињев кон европската енергетска мрежа. Обратен проток на оваа врска ќе создаде можност гас од Грција да стигне до Украина , објасни тој. Романија и Украина демонстрираат блиска соработка и тоа е многу позитивна чекор , коментира Баросо. Претседателот на ЕК објасни уште дека ги цени напорите на Молдавија и додаде дека институцијата ќе предложи олеснување на визниот режим за носителите на биометриски пасоши .

Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии