17 Декември, 2025
0.0888

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Објавено во: Економија 17 Декември, 2025 07:40

Добивај вести на Viber

Сите кои се заинтересирани за купување станови, но и градежниците може да здивнат. Повластената стапка од само пет проценти за првиот промет на згради или станови останува во примена до крајот на 2028 година. Поради ова, данокот нема да биде причина за дополнително поскапување на и онака скапите недвижности.

Согласно најавите на министерката за финансии, во Собранието веќе е доставен предлог закон за измени, со што се пролонгира рокот за повластената стапка за уште три години, односно од 1 јануари 2026 година до 31 декември 2028 година.

Се прават измени на Законот за данокот на додадена вредност со кој се уредени предметот на оданочување, даночната основа, даночните ослободувања, даночните стапки, времето на настанување на даночниот долг, даночниот должник, одбивката на претходниот данок, регистрацијата за целите на данокот на додадена вредност, административните обврски, плаќањето на данокот, како и казнените одредби.

-  Предложените измени се со цел да се изврши допрецизирање во делот на одредбите кои се однесуваат на место на промет на услуги и допрецизирање во делот на одредбите кои се однесуваат на тур-оператори. 

Исто така се пролонгира рокот на примена на повластената стапка од 5 отсто на првиот промет на станбени згради и станови во оној дел во кој истите се користат за станбени цели и кој ќе се изврши во рок до пет години по изградбата. 

На тој начин се врши пролонгирање на рокот на примена на повластената стапка за уште три години – се посочува во законското решени доставено во Собранието.

Предлагачи се група пратеници, меѓу кои Антонијо Милошоски, Бојан Стојаноски, Бране Петрушевски, Дафина Стојаноска и Драгана Бојковскакои бараат измените да се донесат по скратена постапка и додаваат дека ова не предизвикуваат негативни фискални импликации врз Буџетот.

Со истиот закон се предлагаат и измени во делот на туроператорите.

-  Туристичките услуги дадени од страна на тур-операторот се сметаат за една единствена услуга. За место на промет на оваа услуга се смета местото каде што вршителот на промет на услугата има вистинско седиште. 

Доколку прометот на услугата се врши од подружницата на вршителот на прометот на услугата, што се наоѓа надвор од неговото вистинско седиште, тогаш седиштето на подружницата се смета за место на прометот на услугата – се прецизира во законот.

П.О.

Фото: Вангел Тануровски

Можеби ќе ве интересира

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно