Битолчанец со секира во казино барал да му ги вратат парите што ги изгубил на коцка
Објавено во: Македонија 17 Декември, 2025 10:11
Основното јавно обвинителство Битола поведе истражна постапка против 53-годишен битолчанец за разбојништво, откако на 15 декември, во казино на „Широк Сокак“ со закана со секира од вработена во казино барал да му се вратат парите, односно 8.600 денари кои ги изгубил играјќи на слот машините.
„Изнервиран поради изгубените пари, почнал да замавнува кон оштетената со секирата која ја донел со себе и ја извадил од под јакната. Таа исплашена од однесувањето на осомничениот извадила од касата 8.600 денари и му ги дала, по што тој си заминал од казиното.
Имајќи го предвид поведението на осомничениот и неговата претходна осудуваност, јавниот обвинител оцени дека постои висок ризик тој да го повтори делото или да се обиде да го избегне кривичниот прогон, па до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор“, соопшти ОЈО Битола.
Можеби ќе ве интересира
Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје
ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал
МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама
„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“
„Дали е точно дека група обвинители на чело со Коцевски заташкуваат над 40 предмети за функционери од СДС и ДУИ?“: ВМРО-ДПМНЕ по оставката
ЖЕНАТА ДОНЕЛА ПИШТОЛ, МАЖОТ ПУКАЛ: Две лица осомничени за убиство во гостиварско
Муцунски од Брисел: Сите ние од Западниот Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ
Македонија со 2 автобуса на 1 000 жители над европскиот просек од 1,6
Има ли некој што не јаде ајвар? Еве што открива статистиката за потрошувачката во домаќинствата...




