18 Мај, 2024
0.0295

Баросо: Ризиците од „Grexit“ се повисоки сега во споредба со должничката криза

Објавено во: Економија 16 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Ризиците Грција да ја напушти еврозоната се повисоки сега во споредба со почетокот на должничката криза. Тоа го вели поранешниот претседател на Европската комисија (ЕК) Жозе Мануел Баросо за агенција „Standard & Poor's“ за да го намали кредитниот рејтинг на Грција.

Според него постои ризик Атина да не успее да постигне договор со доверителите за време на тековните дебати во врска со потребните реформи за отклучување на дополнителната финансиска поддршка. Ова ќе го зголеми ризикот да ја однесе земјата во неликвидност или дури и до заминување од еврозоната.

„Сметам дека ризикот е поголем денес во споредба со пред неколку години, кога бев во Комисијата. Продолживме да сметаме дека тоа би било опасен преседан. Тоа би било табу, што ќе биде скршено“, коментира претседателот на ЕК во периодот 2004-2014 година, опфаќајќи ги најтешките години на финансиската криза.

„На грчката влада и недостасува искуство, но политичарите мора да разберат дека треба да ги почитуваат правилата на еврозоната. Истовремено другите 18 влади на земјите членки на еврозоната треба да пројават солидарност, бидејќи Грците поминаа низ исклучително тешка ситуација. Треба да биде дозволена одредена флексибилност“, истакна Баросо за време на форумот во Мадрид.

Неговите коментари доаѓаат по зборовите од Константинос Мицотакис, кој е поранешен премиер на Грција, висок функционер на десничарската партија Нова демократија и опозиционер во актуелната влада. Според него банкротот на Грција ќе биде „целосна катастрофа“ и сценарио кое Атина мора да го избегне по секоја цена.

Мицотакис, смета дека социјалистичката влада на премиерот Алексис Ципрас треба да ја преземе одговорноста за бавниот напредок во преговорите со доверителите.

Во последните денови во медитеранската држава се зборува дека владата може да свика предвремени избори, ако не се постигне договор за реформите со ЕУ и ММФ. Сепак државниот секретар на Грција негира дека Атина размислува за предвремени избори.

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле изјавил дека новата власт го уништи подобрувањето на економијата. Покрај тоа, тој не смета дека во наредните недели ќе биде најдено решение за финансиските барања на Грција.

Шојбле смета дека најголемиот проблем за грчката економија не се нејзините кредити, туку недостатокот на конкурентност.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа