18 Декември, 2025
0.1097

„Барска болест“ – најголема закана за поплавените региони!

Објавено во: Балкан 23 Мај, 2014 12:12

Добивај вести на Viber

„Барска болест“ или лептоспироза е болеста од чие ширење се стравува со повлекувањето на водите од поплавените региони на Балканот. Болеста е опасна за сите кои поминале многу време во вода за време на поплавите, не само за жителите на поплавените места, туку и за спасувачите! „Лептоспирозата ја очекуваме во поголем број кога луѓето масовно ќе се вратат и ќе започнат боси да одат по дворовите и по куќите. Тие кои се осмелиле на своја рака да се вратат и да ја средуваат поплавената куќа не знаат дека преку чизмите и калта ја пренесуваат заразата дома. Нема никаква корист ако ги миете ѕидовите со вода од поплавениот двор“, вели епидемиологот д-р Вељко Ѓерковиќ. Иако надлежните советуваат евакуираните граѓани и натаму да не се враќаат во домовите додека не се изврши санација на теренот и не се исчистат улиците, сепак има граѓани кои започнуваат да ги чистат куќите на своја рака. Ризикот од епидемија ја зголемува трагедијата која ги снајде жителите на Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска, а опасноста се зголемува со оглед на актуелните временски услови и фактот што многу луѓе и натаму се во колективни прифатни центри. „Треба да се очекува лептоспироза бидејќи беа поплавени каналите и свињарниците, а тоа го зголеми ризикот. Оваа бактерија од посебен облик живее во тие води. Тоа ќе биде болест сега и за спасувачите и за жртвите на поплавите“, вели инфектологот во пензија Миленко Бојиќ. Најголем дел од пациентите со лептоспироза имаат лесна форма на болеста и брзо оздравуваат. Но, тоа е сериозна болест и потребно е со лекување да се започне на време. Еден дел од заболените завршуваат на дијализа заради откажување на бубрезите, а некогаш болеста има и смртен исход, предупредуваат лекарите.

Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии