„БАТАЛЈОН НА БЕСМРТНИТЕ ИЗВРШИ ЧИН НА ЖРТВУВАЊЕ“: Работничката партија на Курдите ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад во Анкара

Објавено во: Балкан 01 Октомври, 2023
Работничката
партија на Курдистан (ПКК) ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад што се
случи утринава во Анкара, недалеку од зградата на турското Министерство за
внатрешни работи.
- Група поврзана со нашата Бесмртна бригада извршила жртвен чин против турското Министерство за внатрешни работи - изјавила вооружената група за АНФ.
Турција и многу западни земји ја класифицираат ПКК како терористичка организација.
Министерот за внатрешни работи на Турција, Али Јерликаја изјави дека утринава околу 9 часот и 30 минути се случил бомбашки напад пред портите на нивното Министерство во Анкара, во кој е убиен еден од терористите, пишува Хуриет.
Според него, двајца терористи дошле пред зградата на Министерството, а едниот активирал експлозивна направа, додека другиот е уапсен.
- Еден од нив се разнесе, додека другиот е неутрализиран - рече тој.
Си-Ен-Ен Турк јави дека има повредени и дека сите околни патишта се затворени. Според АП, турскиот парламент денеска по летната пауза треба повторно да заседава.
Вооружениот конфликт со ПКК започна во Турција во 1984 година и продолжи во 2015 година. ПКК, организација која се обидува да создаде независна курдска држава, вклучително и на турска територија, воспостави бази на ирачки и сириски територии во близина на турската граница, каде што се цел на турски копнени и воздушни напади.
ФОТО: EPA-EFE/NECATI SAVAS* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2023 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.
Можеби ќе ве интересира
КОЛКУ СЕ „БОГАТИ“ БАЛКАНСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ, СПОРЕДБА ВО РЕГИОНОТ - еве каде се македонските на листата

ПО ТРИ МЕСЕЦИ ОБНОВЕНА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА ЛИНИЈА СОЛУН - АТИНА: Но, и понатаму има линии кои не се воспоставени

ЛОШИ ВЕСТИ ОД ГЕРМАНИЈА: Почнаа отпуштањата во хрватските компании, некои отпуштија и до 20 проценти од вработените

МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА ТРПЕЛЕ ПРИТИСОЦИ ДА СЕ ПИШАТ БУГАРИ НА ПОПИСОТ: За тоа го известиле и Народниот правобранител во Тирана

ВУЧИЌ НА ТИК ТОК: Како Џек Спароу го донесе Џони Деп во Белград? ВИДЕО

БУГАРИЈА ДА ГИ ГАРАНТИРА ПРАВАТА НА МАКЕДОНСКИТЕ МАЛЦИНСТВА: Еве што им порача Комитетот за елиминација на расна дискриминација на ОН

БЕЛГРАД НА ВОДА ИСПАДНА ОД ИГРА: Растербајтерите не купуваат станови таму

„ОВАА КАНАДА ДЕНЕС НЕ Е ЗЕМЈА ВО КОЈА БИ ДОШОЛ“ Горан брутално за кириите, платите,цените и кредитите

ИСЧЕЗНА 17 ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ВО СРБИЈА - мајката очајно ја бара Сара Петровиќ од Борча
