19 Март, 2024
0.0254

Баталјоните бараат оган: Наплив на активност на „бот фармите“ во Кремљ против Украина

Објавено во: Колумни 09 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Русија продолжува да води информативна војна во политичката, кибернетичката, информативната, па дури и социјалната сфера како против Украина, така и против водечките демократски земји во светот. 

Причините за војната се очигледни - неуспехот на напорите на Кремљ да ги укине санкциите кон Русија за време на глобалната пандемија, неуспесите на меѓународната сцена и растечките проблеми во земјата. Главните задачи на војната Кремљ ги гледа во ублажувањето на растот на внатрешните тензии во Русија со засилување на „воените дејства“ против другите земји; ослабување на Западот: влошување на односите во сојузите на западното општество (особено во НАТО), сеење раздор меѓу сојузниците, ослабување на САД во очите на народите во Европа, Азија, Африка, Латинска Америка; дискредитирање на Украина на меѓународната сцена, убедување на странски партнери да ја одбијат нејзината поддршка, раздор меѓу населението и во политичкиот систем на Украина.

Во оваа војна, како што се вели, „сите методи се добри“ - спроведување на специјални операции, дезинформациони кампањи, специјални информативни кампањи и акции прилагодени на конкретен конфликт, земја, настан, производ итн. Главни алатки се дезинформации, провокации, употреба на агенти на влијание, терор и политички убиства, „бот фарми“ или т.н фабрики за тролови, социјални мрежи, информациски и медиумски ресурси (ТВ канали, информативни портали, веб-ресурси), поштенски услуги, телеграм канали, блогери, заедници во социјалните мрежи, месенџери.

По неуспехот на операциите на специјалните служби на Руската Федерација за укинување на санкциите за време на глобалната пандемија, Кремљ, со оглед на неможноста за директно влијание врз претседателот на Украина В. Зеленскиј, се врати на идејата за дестабилизација на ситуацијата во југоисточните региони и во Украина како целина:

Ø  на истокот на Украина, се забележува значително зголемување на воените дејства на Русија;

Ø  во западните медиуми, Русија шири лажни информации за украински платеници во конфликтни региони, учество на Украинци во масовни немири во други држави;

Ø  на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина му го припишуваат „создавањето на предуслови за насилно заземање на власта во Украина“;

Ø  погрешно ја информираат светската заедница за подготвеноста на Украина да започне офанзива на териториите окупирани од Русија;

Ø  руските пропагандисти сè почесто ја обвинуваат Украина во ширење на невистини, што станува погодно оружје во нивните раце за да се оправда понатамошното зголемување на руските сили во Донбас.

Во услови на хибридната војна започната од страна на Русија против Украина, информационата агресија, организирана и координирана од страна на руските специјални служби, значително се зголеми. Кремљ има за цел да ја достигне максималната публика во Украина, надувувајќи ги, пред сè, темите на незадоволство од властите, државните институции, како и екстремистичките трендови. Според Службата за безбедност на Украина, само во 2020 година, одделот за сајбер безбедност на СБУ блокирала повеќе од 2,5 илјади заедници на социјалните мрежи со милионска публика, активности на повеќе од 20 бот фарми со капацитет од повеќе од 60 илјади профили, неутрализирала повеќе од 600 сајбер напади и сајбер инциденти врз информативни ресурси на владини тела, ги прекинала активностите на 20 групи вклучени во вакви напади. Во исто време, беше добиена специфична база на докази дека повеќето активности, биле координирани токму од Русија.

Според тематскиот извештај на компанијата Google, кој беше обелоденет од страна на Европската комисија како дел од спроведувањето на Кодексот на однесување за интернет платформите против дезинформациите за вакцинацијата и борбата против КОВИД-19, се наведува зголемување на активноста на руските ботови против Украина на платформата YouTube. Целта на руските „бот фарми“ беше да ја дискредитираат Украина и системот на украинската влада. Покрај тоа, Google забележа наплив на насочени активности на Русија против Украина во април 2020 година. Тогаш платформата затвори 15 канали на YouTube и 3 блогови како дел од тековната истрага за „операциите на влијание“ од страна на Русија.

Анализата на извештајот од платформата Gооgle покажа дека напливот на активности на руските „бот фарми“ на YouTube, кои беа насочени против Украина, падна во периодот од ноември 2020 година до јануари 2021 година. Поточно, во извештајот на Gооgle се наведени следниве податоци:

Ø  во ноември 2020 година беа затворени 10 канали на YouTube како дел од истрагата за координирани операции поврзани со Русија. Оваа кампања вклучуваше содржина на украински јазик за тековните настани во Украина, критикувајќи ги претседателот В. Зеленскиј и поранешниот претседател П.Порошенко;

Ø  во декември 2020 година, беше затворен 1 канал на YouTube и 1 профил за рекламирање, кои објавуваа содржини во кои ги критикуваа украинските власти;

Ø  во јануари 2021 година, 4 канали на YouTube и 1 профил за рекламирање беа затворени како дел од истрагата за операциите на влијание поврзани со Украина. Оваа кампања прикачувала содржини на руски јазик за настаните во Казахстан и ја критикуваше политиката на ЕУ кон Молдавија; 1 канал на YouTube беше затворен како дел од истрагата за операцијата на влијание од Русија. Се пикачувале содржини на руски јазик за тековните настани во Украина; затворени се 5 канали на YouTube, поврзани со Русија, кои прикачувале содржини на руски јазик на темите за анексијата на Крим и граѓанската војна во Сирија; затворени се 2 канали на YouTube и еден профил за рекламирање, поврзани со Русија, кои прикачувале содржини на руски јазик во врска со историските настани во Авганистан, Ерменија и Украина.

Како што покажа извештајот, непријателските активности на руските „бот фарми“ беа насочени не само против Украина, туку и против Западот, вклучително и ЕУ, САД и Велика Британија, како и против активностите на клучните меѓународни организации, и беа насочени кон дискредитација на меѓународните напори за организирање на вакцинација против коронавирусот итн. Сите беа запрени од платформата Google.

На форумот „Украина 30. Култура. Медиуми. Туризам" шефот на Кабинетот на претседателот на Украина А. Јермак исто така потврди дека против Украина се води вистинска информативна војна, како една од манифестациите на хибридната војна, за време на која „се користат баталјони на интернет тролови, ботови, се лансираат бомби со нивистини и пропагандни гранати“. Украина продолжува да биде „на фронтот“ на необјавената информативна војна против неа и борбата против руската пропаганда и дезинформација, кои се не помалку деструктивни од вооружената конфронтација. 

Автор

Здружение на Украинци во Р. С. Македонија


Ставовите изразени во рубриката колумни се лични ставови на авторот и тие не мора нужно да ја одразуваат уредувачката политика на Фактор

Можеби ќе ве интересира

Путин доби нов мандат – Европа се подготвува за војна

Путин доби нов мандат – Европа се подготвува за војна

НАТО војска во Украина или посредништво за мировни преговори?

НАТО војска во Украина или посредништво за мировни преговори?