Бебиситерки: сериозен бизнис или начин за преживување, кој ќе контролира?
Објавено во: Мои пари 24 Октомври, 2013
Рокот за аплицирање е до мај следната година. До тогаш дадилките треба да аплицираат и на крајот кога ќе се сумираат барањата, ќе бидат повикани да го полагаат тестот. Приватните дадилки немаат обврска да посетуваат обуки. На нашиот сајт ќе бида објавени прашањата за тестот. Исто така обуки нема да посетуваат и негувателките и воспитувачките од градинките, и тие ќе полагаат само испит. Обврска за посетување на обуки има само за директорите на градинките. Полагањето на испитот е бесплатно, а ќе се врши во Охрид, Скопје и Штип, објаснуваат од Министерството за труд и социјална политика.Дел од родителите кои децата им ги чуваат дадилки велат дека со издавањето на лиценците ќе бидат посигурни во личноста која се грижи за нивното дете.
Моето дете има четири години, од пред две години го чува жена. Ја најдов преку оглас. Мислам дека се потребни лиценци затоа што, сепак на тој начин ќе бидам сигурна на кого му го доверувам детето, секакви луѓе има, може да е некој со психичко растројст6во, се надевам дека тој момент ќе биде опфатен со тестирањето. Имам среќа што сегашната дадилка барем досега се покажала како грижлива личност, вели еден родител.Сличен одговор добивме и од родителите чии деца одат во градинка.
Вакви лиценци требаше одамна да се воведат, да се знае точно кој може, а кој не може да работи со деца, бидејќи сепак нашите деца поголем дел од денот го поминуваат во градинка. Сакам да бидам сигурна дека негователката или воспитувачката е нормална личност, бидејќи некои родители имаат лоши искуства, вели родител.Бебиситерки – сериозен бизнис? Во светот работата со приватни бебиситерки е сериозно развиен бизнис. Кај нас бебиситерки се наоѓаат преку оглас или роднини. Возраста на бебиситерките е од 20 години па нагоре. Во борбата со беспарицата и невработеноста, во обид да најдат начин за егзистенција голем дел од бебиситерките во земјава се средовечни жени кои рано останале без работа, а не можат да најдат работа. Цената за чување дете зависи од временскиот период и дали дадилката ќе биде исклучиво за чување на детето или за извршување и на некои домаќински работи. Па така месечно цената се движи од 4.000 денари до 14.000 денари.
Детето кое што го чувам има две години. Јас на родителите сум им достапна во секое време. Во текот на денот освен што се грижам за него,(а тоа подразбира и читање сликовцници, играње игри кои се важни за умствениот развојт на детето), исто така на семејството му готвам и ручек. Се случува и да дојдам навечер да го чувам детето, доколку родителите имаат работа. Јас сум за лиценци, и нема да ми преставува проблем да го полагам тестот, вели бебистерката која сакаше да остане анономна.Но дел од бебиситерките кои се повозрасни велат дека со ваквото лиценцирање можно е и да се октажат од овој извор на егзистенција.
Речиси 13 години сум под Агенцијата за вработување, Фабриката во која работев отиде под стечај. Годините поминуваа, работев во продавница еден период, конкурирав на огласи но залудно, се бараат млади за работа, јас сега имам 61 години. Деца чувам веќе 7 -8 години, досега сите биле задоволни од мене, дури до ден денес контактирам со родителите. Замислите сега јас на 60 години да полагам тест за лиценца, тешко , најверојатно ќе се откажам, вели една бебиситерка.Според податоците од ресорното министерство, 846 воспитувачки и околу 1200 негувателки во градинките ќе мора да добијат лиценца за работа ако сакаат и во иднина да работат со деца, а дозволи за работа од следното лето ќе мора да извадат и бебиситерките и жените кои чуваат деца по дома. Засега законот ги ослободува од обврската само бабите и дедовците кои се роднински поврзани со семејството. Ј.С