Беким Хаџиу за БНТ: Си реков: зошто и јас не бев во тој автобус, да умрам и јас
Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2021
Сопственикот на туристичката агенција Беса транс, Беким Хаџиу, за БНТ говореше за несреќата која се случи минатата недела во Бугарија, а во која загинаа 45 луѓе.
Хаџиу вели дека автобусот бил на технички преглед пред патувањето во Турција и дека бил целосно исправен. Тој ја исклучува можноста некои од патниците да внеле лесно запаливи материи. Потврдува дека тој и неговото семејство биле дел од патувањето и дека патувале со другите автобуси.
„Си реков: зошто и јас не бев во тој автобус, да умрам и јас во автобусот. Многупати го помислив тоа“, вели Хаџиу за БНТ.