04 Мај, 2024
0.0267

Бектеши ги повика шведските инвеститори да инвестираат во фотоволтаици

Објавено во: Економија 24 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Шведската бизнис заедница денеска во Стокхолм се запозна со стратешките проекти и можностите за инвестирање во Северна Македонија. Пред нив на конференција за Западен Балкан ги презентираше министерот за економија Крешник Бектеши, кој ги повика инвеститорите да ги истражат потенцијалите со кои располага земјата за инвестирање во фотоволтаици, ветерни централи, електрани на биогас и биомаса.

-По надминувањето на билатералните спорови и договорите со Грција и Бугарија,  ние како држава ги отворивме нашите евроинтеграциски процеси и перспективите за економски развој. Владата на Република Северна Македонија е цврсто определена кон унапредување на условите за водење бизнис, што е основен  индикатор за создавање поволна клима за инвестирање, истакна Бектеши, додавајќи дека aктивно се  работи на привлекување реномирани странски инвеститори, а мерките од владиниот План за економски раст даваат позитивни резултати, со рекордно ниво на странски директни инвестиции од 624 милиони евра и околу 20 нови странски компании кои реализираат инвестициски проекти во земјата.

Бектеши се повика на извештаите од меѓународните рангирања како потврда за квалитетот на економските политики и одличните ефекти што тие ги даваат.

Според последно објавениот извештај на Конференцијата на ОН за трговија и развој на инвестициите во светот за Република Северна Македонија е наведено дека странските директни инвестиции пораснале за 260 отсто од просекот во последните години, значително се подобрени и економските индикатори додека eкономскиот раст во првиот квартал изнесува 4,1 отсто. Ќе се работи посветено на негово забрзување за да се достигнат стапки од шест или седум отсто потребни за побрзо да се достигне европскиот стандард.

Според Бектеши и во најновиот извештај на Светска банка, „Дуинг Бизнис 2019“, Република Северна Македонија е рангирана на десеттото место за водење на бизнис, од вкупно 190 земји во светот, додека, пак, Агенцијата Фич го подобри кредитниот рејтинг на нашата земја од ББ на ББ+ и тоа е прво подобрување на кредитниот рејтинг на земјата после цели 13 години.

-Што се однесува до поврзаноста како услов за подобра економска соработка почнавме забрзано да работиме на изградба на квалитетна патна, железничка и енергетска инфраструктура, се работи на проекти за патишта во вредност од над 1 милијарда евра. Комплетно  е завршен Коридорот 10, a се работи и на финализирање на Коридорот 8, кој ја претставува врската со Бугарија и Албанија. Во фаза на изградба е и железницата до Бугарија, како и неколку експресни патишта, информираше Бектеши.

Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски