Бектеши купува комбе што ќе го мери квалитетот на горивата на секоја бензинска станица
Објавено во: Економија 24 Март, 2019
Крешник Бектеши, министерот за економија, најави купување на комбе со мобилна лабораторија за мерење на квалитетот на горивата во вредност од 600.000 евра.
Ова возило ќе може на самото место да испита дали квалитетот на горивото е квалитететн кај секоја бензинска станица во Македонија.
Министерот ја потврди оваа информација за Алсат.
- Најважно не е цената на мобилната лабораторија, туку фактот дека граѓаните ќе имаат можност да даваат препораки до Државниот пазарен инспекторат или Министерството за економија и веднаш ќе бидеме задолжени да ги провериме овие наводи - изјави Крешник Бектеши, министер за економија.
Се работи за возило со своја лабораторија и модерна технологија, така што на терен може да се анализираат десет параметри за квалитет на нафтени продукти. Примероците за гориво не треба да се испраќаат на друго место, бидејќи оваа лабораторија ќе биде акредитирана - рече Крешник Бектеши.