Добивај вести на Viber
Фудбалерот и белгиски репрезентативец, Џејсон Денајер може да се пофали со титулата најсреќен човек на светот, затоа што за 10 дена преживеал 3 терористички напади.
Тој игра во Галатасарај како позајмен играч од Манчестер Сити, и прв пат на 13 март се соочил со терористички напад. Неколку минути по завршување на натпреварот, помеѓу Генчлербирлигија и Галатасарај, во непсоредна близина на стадионот Мајис експлодирал автомобил бомба.
По 6 дена бомбаш смаоубиец извршил напад во Истанбул, близу местото каде е сместен фудбалерот. Тие денови се подготвувал за најголемото турско дерби против Фенербахче.
Во меѓувреме фудбалерот пристигнал во Белгија за подготовки со репрезентацијата, и вчера стигнал во Брисел на аеродромот, но за среќа ја избегнал експлозијата.