15 Декември, 2025
0.0433

„Белград на вода“ ќе го градат 20.000 луѓе

Објавено во: Балкан 19 Февруари, 2014 10:00

Добивај вести на Viber

Амбициозниот станбено-деловен проект „Белград на вода“ ќе вработи најмалку 20.000 градежници. Српските власти очекуваат овој проект да даде силен импулс за домашната градежна индустрија. „Ако на сообраќајниот Коридор 11 во оваа фаза работат 5.000 работници, тогаш сигурно 20.000 градежници во континуитет ќе бидат ангажирани на проектот Белград на вода“, вели српскиот министер во оставка за градежништво и урбанизам Велимир Илиќ. Проектот ќе го градат арапски инвеститори од компанијата Emaar properties од Обединетите Арапски Емирати, кои во „Белград на вода“ ќе вложат околу три милијарди евра. Ексклузивни хотели, најголемиот трговски центар во Србија, културни и спортски објекти на брегот на реката Сава се дел од проектот кој ќе зафаќа 1.5 милиони квадратни метри. Проектот предвидува и кула, како онаа во Дубаи, која ќе се вика „Belgrade tower” и ќе се наоѓа на брегот на реката, каде што се сега железнички пруги во сопственост на Српските железници. Целиот проект треба да биде реализиран за пет до седум години.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството