Добивај вести на Viber
Градоначалничката на Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ, денеска ги додели првите ваучери во висина од 6.000 денари на вкупно 19 семејства од општината кои имаат принова и притоа доставиле комплетна документација за еднократна парична помош.
Одлуката за доделување на еднократна парична помош на секое семејство со новороденче од општината, се донесе едногласно од страна на Советот на општината на 4-тата пленарна седница, по лична заложба и предлог на Беличанец.
- Денес, живееме во време кога сите заедно мораме да размислуваме за опстанокот на нашата нација, да размислуваме како ќе се справиме со фактот на намалување на наталитетот со кој секојдневно се соочува нашата држава. Семејството е основна клетка за градење на едно здраво општество. Семејството е главниот столб за опстанокот на еден народ, на една нација - порача Беличанец - Алексиќ.
Родителите кои присуствуваа на свеченоста, ја поздравија иницијативата на градоначалникот и изјавија дека средствата ќе им бидат од големо значење.