Добивај вести на Viber
Откако кадровски се доекипираше одделението за легализација и се зголеми бројот на комисии кои излегуваат на терен, процесот за легализација во општина Кисела Вода се одвива со добра динамика, информираше денеска градоначалничката Билјана Беличанец – Алексиќ по увидот на градежните активности за изградба на атмосферска канализација во Драчево.
- Воведовме пракса за делење решенија на неделна основа, каде ги информираме граѓаните за крајниот рок на процесот на легализација. По воведувањето на оваа пракса, резултатите се видливи и доделуваме околу 45 решенија за легализација на неделна основа - изјави Беличанец – Алексиќ
Таа упати апел до граѓаните да не го злоупотребуваат процесот на легализација и да градат нелегално во овој вакум простор, бидејќи, како што рече, ќе се соочат со Општинската градежна инспекција.