Добивај вести на Viber
Cогласно праксата, Регулаторната комисија за енергетика, во понеделник треба да ги објави новите, малопродажни цени на нафтените деривати.
Со последната одлука, на 23 септември, регулаторите ја намалија цената на бензинот за 4,5 денари, а на дизелот за 1,5 денари по литар. Така во моментов малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 79,50, а ЕУРОСУПЕР БС-98 се продава за 81 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) чини 71,50, додека Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 60,50 денари за литар.
Во текот на изминатава недела, цената на суровата нафта бележеше пад по случувањата со Буџетот во Сад.