18 Мај, 2024
0.0278

БЕРЗАНСКА АНАЛИЗА: „Комерцијална“, „Макпетрол“ и „Гранит“ на мечкин пазар!

Објавено во: Економија 05 Април, 2015

Добивај вести на Viber

„Комерцијална банка“ со најниска цена од последниве 11 месеци, „Гранит“ по подол пост почна да се тргува но со изразита ценовна корекција од 11 отсто за само седум трговски дена, „Алкалоид“ со голем пад на прометот, но со стабилна цена над маргината од 5.000 денари за акција Преодот од март во април го одбележаа ценовни корекции на акциите на „Комерцијална банка“, „Макпетрол“ и на „Гранит“ и стабилизација на тргувањето со „Алкалоид“ над цена од 5.000 денари за акција, но со изразен пад на неделниот промет. Ова се клучните вести што ја одбележаа изминатава трговска седмица во која акцијата на „Комерцијална банка“ забележа најниска пазарна цена од 1.800 денари во изминативе 11 месеци тргување. Најголем промет оваа седмица имаше акцијата на „Алкалоид“. Реализацијата беше 4,05 милиони денари. На кратко, таа акција се тргуваше во маргината од 5.101 до 5.051 денари за акција и се тргуваше во сите пет трговски дена. Во споредба со претходната седмица забележлив е драстичен пад на прометот. За споредба реализацијата за оваа седмица е само една четвртина од реализацијата за претходната недела. Значаен пад на интересот кај потенцијалните купивачи, но и слаба мотивација кај потенцијални продавачи. Се тактизира и се испитува пулс. Акцијата на „Комерцијална банка“ продолжи да паѓа и оваа седмица. Дојде до ниво од 1.800 денари за акција и тоа во услови со слаба речиси анемична побарувачка. Многу повеќе количини и налози на продажната страна. Така и затвори тргувањето, во петок, без трансакции, но со понуда на 1.850 денари, но без никаков интерес на страната на побарувачката. Прометот речиси како и на „Алкалоид“ – 4,03 милиони денари. Акцијата се тргуваше во маргина од 1.879 до 1.800 денари за акција, се тргуваше четири дена и затвори на цена од 1.800 денари за акција. Во недостиг на позитивни вести за најголемата домашна банка, многу е неизвесно како ќе се движи цената на таа многу ликвидна хартија, за наши услови, на краток рок на нашиот пазар на капитал. Очигледно е дека преовладува мислењето дека купувачите можат и треба да бдиат стрпливи и дека е можно да купат и на цени кои ќе бидат пониски од 1.800 денари за акција – цена која беше најниска во изминативе 11 месеци тргување. Трета акција, според остварениот промет на подсегменот берзанска котација, е „Витаминка“ со реализација од 2,12 милиони денари постигнати во само еден трговски ден, во 9 трансакции, во ценовна маргина од 8.860 до 8.630 денари за акција. Типично за овој квалитетен трговски материјал, но ниско ликвиден. По се изгледа дека некој решил да ги собере сите акции што се нашле на понуда и тоа веднаш без многу да се дозволи некој друг да реагира и да купува. Сега, можно е да продал некој што знае дека дивидендата би била пониска или иста како лани, па проценил дека пазарната цена е многу подобра шанса за солидна капитална добивка. Но останува да видиме дали е така... Четврта акција според прометот беше „Реплек“ со реализација од 1,25 милиони денари во смешната ценовна маргина од еден денар за акција 57.000-56.999 денари. Се тргуваше три дена. Очекувано е во фокус на инвеститорите заради претстојната „мрсна дивиденда“ од 3.054 денари за акција. „Макпетрол“ по лошиот финансиски годишен резултат трета година по ред треска на маргината од 18.020 денари за акција, најниска цена од 17 јули лани. Очигледно дека на пазарот му требаа три недели да ја апсорбира и процесира информацијата дека најголемата компанија за малопродажба на нафтени деривати прави загуба и дека тоа на среден рок нема да се одрази добро на цената на таа акција. Прометот на „Макпетрол“ изнесува 0,82 милиони денари, а се тргуваше 5 дена во маргина од 19.300 до 18.020 денари за акција. Мечката оваа седмица најмногу играше кај „Гранит“. Акцијата за седум трговски дена изгуби над 10 отсто од пазарната цена, со низок промет. Оваа седмица акцијата се тргуваше од 537 до 506 денари за акција. А оваа цена беше најниска во последните шест месеци. Значаен дел од домашната инвеститорска јавност смета дека „Гранит“ со оглед на финансиските резултати и дивидендата политика е премногу скап над маргината од 500 денари за акција. Но останува да видиме...Прометот во изминатава седмица изнесува 0,8 милиони денари. Останува на кратко да истакнеме и многу поголема, од вообичаената, активност на подсегментот „задолжителна котација“ на официјалниот пазар на капитал. Во милионерите се најдоа: НЛБ Тутунска банка со 1,14 милиони денари, Прилепска пиварница со 1,65 милиони денари, Македонски Телеком со 1,06 милиони денари и Цементарница Усје со 1,04 милиони денари. Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа