18 Мај, 2024
0.0316

БЕРЗАНСКА АНАЛИЗА: Зортлии продавачи, понекоја светулка и многу нијанси сиво!

Објавено во: Економија 12 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Неделата ја одбележа акцијата на НЛБ „Тутунска банка“. Објавата на дивиденда во нето износ од 496 денари ги отвори очите на потенцијалните акционери и инвеститорите на пазарот. Резултат беше силниот ценовен раст од „фантастични“ 23,4 отсто за само четири трговски дена. Можеби токму доделувањето на дивиденда ги распали емоциите кај некои инвеститори на обичната акција на „Стопанска банка Скопје“ која оваа седмица падна под маргината од 300 денари за акција. Можеби токму нивните очекувања или надеж дека конечно таа банка ќе подели дивиденда дадоа импулс некои инвеститори да купуваат и да ја вратат акцијата на маргина од 310 денари. „Комерцијална банка“ и оваа седмица продолжи да се тетерави на мечкиниот пазар. Имаше најголем промет, но тенденцијата беше мечкин пазар и пад на цената која во четврток потона под маргината од 1.800 денари и затвори на вредност од 1.795 денари за акција. Прометот е поголем од претходната седмица за 1,1 милиони денари и изнесува 5,2 милиони денари. Во недостиг на позитивни вести од таа голема банка не е чудно и идната трговска седмица да гледаме борба на ова ценовно ниво. „Алкалоид“ во седмицата што е зад нас се тргуваше во ценовна маргина од 5.150 до 5.100 денари за акција и забележа раст на пазарната цена во споредба со претходната седмица, а тоа се должи на тоа што компанијата ја објави дивидендата и дивидендниот календар. „Гранит“ во оваа седмица оствари промет од 1,63 милиони денари во ценовна маргина од 530 до 506 денари за акција. Во споредба со претходната седмица неговиот промет е удвостручен а највисоката цена од 530 денари истовремено е и последна цена. Чудно нели? Особено ако се земе во предвид тоа што оваа компанија објави дека нето добивката за лани бележи пад од 36 отсто во споредба со нето профитот остварен во 2013 година. „Макпетрол“ и понатаму е во ценовна корекција која, а оладување на расположението на инвеститорите и можеше да се очекува за таа акција со оглед на тоа што бележи загуба и во 2014 година. Прометот со таа акција изнесува 2,3 милиони денари, а ценовната маргина беше 18.001 до 17.499 денари за акција. Во најтргуваните оваа седмица се најде и „Стопанска банка Битола“ со промет од 2,1 милиони денари, а акцијата се тргуваше во маргина од 1.200 до 1.166 денари за акција. Изненадувачки висок промет видовме на акцијата на „Фершпед“ во ценовна маргина од 49.000 до 46.018 денари за акција. Прометот беше 2,15 милиони денари. Тргувањето во оваа седмица покажа дека таа акција на овие цени е посакувана за некој инвеститор што има кеш и има интерес да „утеши“ разочарани или нестрпливи или „зортлии“ продавачи.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа