Бесконтактно плаќање и нови поволности со Visa деловните картички на Комерцијална банка
Објавено во: Мои пари 18 Август, 2015 14:49
Комерцијална банка започна со издавање Visa картички со кои може да се плаќа бесконтактно. Со новите Visa бесконтактни картички рутинските плаќања ќе можете да се вршат со наједноставно доближување на картичката до терминалот, а трансакцијата ќе биде веднаш реализирана.
Во моментов бесконтактното плаќање е овозможено и со Visa Electron дебитна картичка, но во иднина можете да го очекувате и кај други Visa картички на Комерцијална банка.Досегашните поволности кои ги нудат Visa деловните картички отсега се збогатени со неколку дополнителни бенефиции за корисниците.
Сите правни лица кои ќе аплицираат за Visa Business Debit, Visa Business Revolving или Visa Corporate деловните картички во промотивниот период од 15.8. до 30.9.2015 година, ќе можат да ги користат сите бенефиции од овие платежни инструменти без да плаќаат членарина за првата година.
Ова ослободување ќе важи за правните лица кои прв пат ќе аплицираат за картичка, но и за оние кои веќе имаат картички а ќе сакаат да аплицираат за дополнителни картички за своите вработени.
Покрај тоа, првите 100 правни лица кои во овој промотивен период ќе направат најмалку 10 трансакции и вкупен промет на продажни места од 60.000,00 денари, ќе добијат гифт-картичка за трговскиот центар „Скопје Сити Мол“ во вредност од 3.000,00 денари.
Сите детали за промоцијата можете да се видат на веб страната на Банката.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




