14 Декември, 2025
0.0357

Бесплатна летна школа за сите идни ИТ таленти во земјата

Објавено во: Мои пари 30 Јули, 2014 10:11

Добивај вести на Viber

Во организација на Seavus едукативен и развоен центар од 01.09 до 05.09.2014 година ќе се одржи летна школа која го носи името “SEDC Summer cool school - Pre-Academies Lectures”. Како што велат од Seavus едукативниот и развоен центар, оваа летна школа има за цел да ги доближи најбараните професии во светот до идните професионалци на пазарот, а тоа ќе се реализира преку најавни предавања за академиите на SEDC од реномирани професори во три насоки: Програмирање, Дизајн и Мрежи. Покрај предавањата, програмата ќе биде збогатена и со забавен дел како што е кино проекција, средба со претставници од ИТ индустријата, забава. Присуството на оваа летна обука е бесплатно, а бројот на студенти е ограничен. Пријавувањето се врши на следниот меил: sedc@seavus.com . Центарот е специјализиран за обуки од областа на информатичката технологија, и бизнис менаџментот и е носител на меѓународни лиценци и сертификати од светски познати брендови. Најатрактивни се  едногодишните студиски програми - Академијата за дизајн со три насоки: Графички дизајн, Веб дизајн и 3Д моделирање, Академија за мрежи,  Академија за програмирање со програмата Веб програмирање, и Развој на мобилни апликации. Дополнително центарот спроведува и кратки интензивни курсеви, официјални обуки и сертификација, како и обуки од областа на бизнис менаџментот.

Можеби ќе ве интересира

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија