Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore
Објавено во: Мои пари 11 Декември, 2025 18:12
Вчеравечер, во празничниот сјај на Скопје, ресторанот Salvatore блесна во атмосфера исполнета со рафиниран стил и бургундска магија. Во овој луксузен амбиент, гостите уживаа во внимателно избраната винска селекција на Louis Latour, откривајќи со секоја голтка нова нијанса од неговото богато, вековно наследство.

Професионалниот сомелиер Јадранка Клариќ Кимовска маестрално ги водеше присутните низ винската дегустација, откривајќи ги слоевите, ароматските нијанси и рафинираните карактери на секое вино.

Посебен престиж ѝ даде на вечерта присуството на Thomas Lignier, Export Area Manager во Louis Latour, чие светско искуство и длабоко познавање на Burgundy ја претвори дегустацијата во автентично патување низ историјата, филозофијата и значењето на брендот.

Совршено избалансираните кулинарски креации на Chef Giovanni го подигнаа искуството на уште повисоко ниво. Секое јадење беше внимателно осмислено за да го истакне карактерот на вината.
Организирана од Alchemist MK, вечерта претставуваше ексклузивен собир за љубителите на фините вина, елегантен, топол и незаборавен.
А по успешната вечер во текот на денешниот ден, Thomas продолжи со активности во Скопје, давајќи уште поголема тежина на посетата. Прво, тој го посети Wineberry, каде што се сретна со францускиот амбасадор Кристоф де Риголер, во пријатна атмосфера исполнета со разговори за француската винска култура и соработките на локалниот пазар.
Потоа, Thomas одржа и винска обука за вината на Louis Latour во Sushico Zen, каде професионалците и љубителите на виното имаа можност да научат уште подлабоки детали за стилот, филозофијата и препознатливиот печат на овој легендарен бургундски бренд.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија
„Finance Talks by EOS“: Дигитализацијата ќе поткине развој на нови услуги базирани на потребите на корисниците
ШТЕФАН ПАВЛИЊЕК ВО „БИЗНИС-КЛУБ ПЛУС“: „НАШАТА ЦЕЛ Е ДА ГИ ЗАДРЖИМЕ КЛИЕНТИТЕ, А ВО ИСТО ВРЕМЕ ДА СОЗДАВАМЕ НОВИ ПРОИЗВОДИ“
Во сабота се отвора најголемиот шопинг - центар на југот – Гевгелија Мол
КАСКО осигурување - Целосна заштита пред зимската сезона
Еко иницијативата на Иуте “Растеме заедно” со ново поглавје Го шириме зеленото срце на градот
„Како новиот систем за управување со отпад ќе го подобри секојдневниот живот“
„Од визија кон акција“ - трета АмЧам годишна конференција за дигитализација




