Бесплатни дерматолошки прегледи од Клиника Жан Митрев по повод месецот на меланома
Објавено во: Мои пари 19 Мај, 2023 13:59
Клиника Жан Митрев спроведува бесплатни прегледи за превенција на меланома – канцер на кожа, во Скопје беа прегледани и советувани над 50 граѓани, аследната неделаеднодневни бесплатни прегледи ќе се прават во Битола и во Струмица.

Дерматолози специјалисти од Клиника Жан Митрев ги спроведуваат бесплатните дермоскопски прегледи како превенција за појава на рак на кожа и соодветна заштита од канцер на кожа и како поддршка на Европската кампања за зголемување на свесноста за ова заболување.

Покрај прегледите, пријавените граѓани добиваати совети како правилно да се грижат за здравјето на кожата.Прегледите ги спроведуваат дерматолозите д-р Анџелка Илиева и д-р Александра Лазаревска и тоасо претходно закажан термин.

Клиничката болница Жан Митрев секоја година традиционално со бесплатни прегледи и советување на граѓаните ја поддржува Европската кампања за подигање на свеста за рано откривање на карцином на кожа.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




