Добивај вести на Viber
Бесплатни курсеви по англиски јазик за почетници за сите заинтересирани жители обезбеди општина Сопиште. Достапни ќе им бидат на граѓаните со адреса на живеење во оваа општина.
„Целта на овие курсеви е општината да излезе во пресрет на сите оние жители кои немаат познавање или имаат делумно познавање од англискиот јазик да имаат можност да ги совладаат основите на еден од глобалните јазици кои активно се користат во светот и кај нас“, соопштуваат од Општината.
Право на упис имаат сите жители на општината без оглед на возраста или пак образованието, а почеток на курсевите се предвидува во месец септември. Курсевите ќе се одвиваат во зграда на локалната самоуправа и истите се бесплатни.