18 Јануари, 2025
0.0246

Бесплатни обуки на граѓаните за работа со компјутери

Објавено во: Мои пари 09 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Бесплатни обуки за сите граѓани за основни познавања од информатичката технологија, работа со компјутери и интернет, како и бесплатни обуки за невработените за два понапредни програмски пакети, графички дизајнери и јава веб дивелопери, ќе обезбеди Владата.

Целта на двата проекта е да се зголеми информатичката писменост на граѓаните во земјава како чекор повеќе кон подобрување на нивната конкурентност и полесно наоѓање работа или отворање сопствен бизнис.

Конкурсот за основни ИТ познавања опфаќа два модула, канцелариско работење и користење интернет .Модулите ќе се спроведуваат во четири одделни сесии, четири недели.

- Секоја сесија ќе трае еден час и триесет минути, а обуката ќе се одвива во бесплатните интернет клубови во 22 града, Скопје, Битола, Тетово, Охрид, Прилеп, Гостивар, Кичево, Неготино, Куманово, Кочани, Кавадарци, Штип, Свети Николе, Дебар, Радовиш, Гевгелија, Крушево, Македонски Брод, Демир Капија, Крива Паланка, Кратово и Ресен, истакна портпаролот Александар Ѓорѓиев.

Во градовите во кои најмалку 20 отсто од граѓаните се од националност што е немнозинска, обуката, освен на македонски, ќе се спроведува и на јазикот на националноста.

Вториот повик кој се однесува на невработените е во рамки на Оперативниот план за активни мерки за вработување. - Агенцијата за вработување овој месец ќе почне постапка за обезбедување провајдери кои ќе ја вршат обуката, а потоа, во првата половина на септември, ќе биде распишан јавен повик за невработените кои сакаат да ги посетуваат обуките, информира владиниот портпарол.

Право на учество имаат сите невработени лица евидентирани во Агенцијата, но ќе се прави проверка дали некое од нив останало без работа во последните три месеци. Предност ќе имаат невработените со понапредни познавања од областа на информатичката технологија. Времетраењето на обуката ќе биде до четири месеци, а ќе ја спроведуваат стручни предавачи. Добиениот сертификат на невработените ќе им го олесни учеството на пазарот на труд.

- Апелираме граѓаните во што поголем број да ги искористат овие можности што ги нуди државата и на тој начин да дадат значаен придонес во подобрувањето на сопствените вештини, знаења и способности, потенцира владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Можеби ќе ве интересира

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

Оваа компанија е магнет за вработени: Може да работите од дома, добивате бонус за вработување – се бара само еден услов!

Оваа компанија е магнет за вработени: Може да работите од дома, добивате бонус за вработување – се бара само еден услов!

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение