18 Мај, 2024
0.8289

Бесплатни обуки за електронска трговија организира Стопанска банка

Објавено во: Економија 17 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Со цел промоција на онлајн купувањето (e-commerce), и информирање за бројните негови придобивки Стопанска банка АД – Скопје во соработка со интернет порталот tc.mk во текот на следниот период ќе организира неколку бесплатни сесии на обука за правните лица заинтересирани да се здобијат со знаење и вештини за продажба на производи и услуги на интернет.

Електронската трговија, односно купувањето на интернет со платежна картичка претставува растечки тренд насекаде во светот, кој во последните неколку години се пренесе и кај нас достигнувајќи троцифрена стапка на годишен раст од година во година. Од ден на ден се поголем е бројот на компании во Македонија кои одлучуваат да ги прошират своите продажни активности преку отварање на Интернет Продавница каде преку попусти или бесплатна достава ги привлекуваат купувачите. Во текот на 2014 година, обемот на електронската трговија во Македонија за прв пат надмина 10 милиони евра на годишно ниво, а податоците од оваа година покажуваат дека во текот на 2015 година веројатно е повторно удвојување на овој промет.

“Картичките на Стопанска банка се единствени на пазарот во нашата држава кои ги поседуваат меѓународно познатите сертификати за безбедно купување (Verified by Visa & MasterCard SecureCode) а оваа година купувањето на Интернет очекуваме да надмине 10% од вкупниот промет во трговија направен со нашите платежни картички. Со бесплатните обуките за електронска трговија, кои започнуваат од следната недела, настојуваме уште повеќе да придонесеме не само за проширување на понудата на електронска трговија за нашите клиенти, каде Стопанска банка е позната по понудата на најдобри услови, туку и со едуцирањето на компаниите за активно користење на современите алатки за дигитален маркетинг и промоција за што свој допринос ќе даде компанијата Акота со своето повеќегодишно искуство во оваа област. Сите компании или поединци заинтересирани за електронска трговија, своето учество на бесплатните обуки за електронска трговија, потребно е да ги најават на e-mail: i-bankstore@stb.com.mk или тел. 02/ 3295 286, а обуките ќе се организираат во просторите на i-bank store филијалата во центарот на Скопје, изјави Стефан Пепоски - Директор на Дирекцијата за управување со картични производи на Стопанска банка.

„Со навлегувањето на дигиталните комуникациски уреди во секојдневието и брзата експанзија на решенијата за е-трговија и интернет маркетинг го деловниот свет, прилагодувањето и искористувањето на тие нови можности е со стратешко значење за опстанокот и развојот на компаниите. Потребно е компаниите да се стекнат со разбирање на трендовите, како тие влијаат врз нивниот бизнис и за процесот со кој можат да ги имплементираат и искористат во своето работење. Со цел да го подигнеме нивото на свесност за овие новини, заедно со Стопанска Банка АД Скопје организираме циклус бесплатни обуки за стопанството. Како компанија пионер во областа на консултантски услуги и решенија за е-трговија и интернет маркетинг, со задоволство ќе го понудиме нашето знаење и искуство во текот на обуките на различни теми поврзани со е-трговијата и интернет маркетингот“ изјави Александар Тасев, Директор на компанијата Акота.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа