Бесплатниот „Појадок на мост“ од оваа година на два моста
Објавено во: Мои пари 12 Септември, 2013
На 22 септември ќе се организира четвртата по ред манифестаци „Појадок на мост“ , со тоа што оваа година ќе се појадува на два моста- на Камениот и на мостот Око. Како што информираше градоначалникот на град Скопје Коце Трајаниовски, сите оние што сакаат да учествуваат на појадокот, ќе мора да имаат билет кој ќе можат да го подигната од пункт пред ресторанот „Пелистер“ од 13 до 19 септември.
Билетите се бесплатни, а маси и столчиња ќе има на на двата моста. Манифестацијата ќе ја помогнат голем број донатори – ресторани, пекари, маркети, производители и увозници на храна и пијалоци, ќе има улични музичари, а организацијата ќе ја помогнат и учениците од средното угостителско училиште „Лазар Таневски“.
Појадокот ќе се состои од сувомеснати и млечни производи, пецива и сето тоа ќе биде спакувано, а годинава на мост ќе се нахранат 2.500 луѓе.