26 Април, 2024
0.0301

БЕВ ПРЕТРЕСУВАН СО ЦВРСТО ВРЗАНИ ЛИСИЦИ НА ГРБ, НА ТРЕВАТА: Камчев и неговата одбрана реагираат на третманот

Објавено во: Македонија 12 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Одбрана на бизнисменот Јордан Камчев реагираше на денешното рочиште за случајот „Плацевите на Водно“ и побара од судијата да преземе дејствие и да се вклучи во постапката за последното, како што рече адвокатот Тони Менкиноски нарачано изживување врз Камчев. Тоа наводно го сториле овластени лица на 5 октомври кога Камчев од затворот Шутка бил спроведен до Јавното Обвинителство за организиран криминал. 

„Во текот на спроводот спротивно на начинот и методологијата на спроведувањето на лица лишени од слобода на понижувачки и деградирачки начин Јордан Камчев е спроведен од затворот Шутка до просториите на Јавното Обвинителство за организиран криминал. Притоа, ваквото однесување на овластените лица кои постапувале по вашата наредба е надвор од Законот за полиција и не е во соодветност со правилникот за постапување на лица лишени од слобода. Должни сте да го испитате случајот, бидејќи Вие сте во моментов единствениот орган кој се грижи за основните слободи и права на господинот Камчев. Доколку сакате и доколку сметате, околу фактичкиот настан,  да ви објаснам, дека Камчев бил легнат на земја, јавно претресуван. Лисиците - тоа го виде и Обвинителката, му беа толку многу врзани на задниот дел на телото што немаше крв во рацете, спротивно на Правилникот за постапување на лица лишени од слобода. Барам од вас да преземете дејствие и да се вклучите во постапката, рече во своето обраќање адвокатот Тони Менкиноски кој е дел од одбраната на Камчев.

На ова се надоврза и Камчев кој додаде дека бил претресуван легнат на земја, во надворешниот дел на затворот.

 „Бев претресуван надвор од зградата, меѓу двете комбиња и се исмејуваа затвореници надвор, од прозорите, значи не во внатрешен дел, туку на трева. И прв пат ми беа лисиците позади грб врзани и стегнати и не можев да седам во комбето бидејќи клупата беше само 20-30 сантиметри и цело време се седеше на земја. Беше едноставно изживување. Толку сакам да кажам. Тоа се констатираше отпосле и со повредите на рацете и го пријавив  настанот во Обвинителството. ‘’

Бидејќи изживувањето, како што велат, континуирано продолжува, одбраната конкретно за овој случај ќе поднесе кривични пријави за овластените, одговорни лица кои го вршеле спроводот, ќе поднесе жалба до Народниот правобранител на РСМ и ќе ја дополни апликацијата која е веќе испратена до Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Информираат дека тортурата и изживувањето кое се врши врз Камчев веќе станаа мета и на меѓународната јавност. За неговиот случај и третманот на кој е подложен овие седум месеци, декларирајќи го веќе како политички затвореник пишуваа досега три меѓународни, реномирани медиуми ,,EU Reporter’’, ,,The European Post’’ и ,,The Times of Israel’’.

Можеби ќе ве интересира

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката