15 Ноември, 2024
0.0139

Без коментар и Меѓународната заедница за најавените јунски избори

Објавено во: 07 Април, 2016

Добивај вести на Viber

Молк и од Меѓународната заедница за последните политички случувања во земјава. Засега и оттаму нема никаков коментар за распуштањето на Собранието и за највените избори на петти јуни. Нема реакција ниту пак за ставот на опозицијата за најавено неучество на парламентарните избори. Законодавниот дом пред полноќ се распушти, но распишани избори сѐуште нема. Не се констатирани ниту пак оставките на опозициските пратеници. Договорот од Прижно исто така виси на конец...Не се знае што ќе се случува во текот на денешниот ден.