08 Декември, 2024
0.0502

Чифлиганец и Азманов станаа „ортаци“! Во која голема банка двајцата бизнисмени се втор и трет најголем акционер?

Објавено во: Економија 14 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Пазарната вредност на акциите кои фирмите на Чифлиганец и на Азманов ги поседуваат во НЛБ Банка надминува 6,2 милиони евра. Толкави се нивните вложувања во акции на НЛБ Банка за кои познавачите велат дека течат од оваа пролет до сега...

Градежната компанија „Адора Инжинеринг“ на Ванчо Чифлиганец и „Настел“ на Зоран Азманов станаа втор и трет најголем акционер во НЛБ Банка една од трите најголеми деловни банки во Македонија.

Во извесен актуелен временски период и двајцата градежни магови купувале акции со право на глас во НЛБ Банка.

Според актуелна состојба на акционери во НЛБ „Адора Инжинеринг“ сега поседува над 5.100 акции. Нивната актуелна пазарна цена е над 3,8 милиони евра. Оваа количина акции во вкупната структура акции учествува со 0,6 отсто.

Скопската компанија „Настел“ поседува над 3.100 акции со право на глас во НЛБ Банка. Нивната пазарна вредност согласно со последната берзанска цена изнесува 2,4 милиони евра. Количината акции што ја поседува „Настел“ во вкупната сума акции на НЛБ Банка учествува со 0,37 отсто.

Како следен најголем акционер фигурира скопска „Комерцијална банка“ која има нешто повеќе од 2.800 акции во НЛБ Банка, но од банката објаснуваат дека Комерцијална банка не е сопственик на акции во НЛБ Банка АД Скопје. Станува збор за старателска/и сметка/и отворена/иво име на Комерцијална банка АД Скопје, а за сметка на нејзините клиенти за кои ја извршува функцијата Чувар на хартии од вредност/депозитарна банка, односно Чувар на имот.

За појаснување, согласно правилата за работа на ЦДХВ, „Старателска сметка е сметка за хартии од вредност на име на овластен учесник на пазарот на хартии од вредност или банка чувар на имот на пензиски и инвестициски фондови, отворена врз основа на договор за чување хартии од вредност и/или договор за чување имот на пензиски и инвестициски фондови, и на која се водат сопственичките позиции за сметка на трето лице. Сопственик на хартиите од вредност на оваа сметка никогаш не е овластениот учесник на пазарот на хартии од вредност и/или банката чувар на имот на пензиски и инвестициски фондови, туку лицето за чија сметка овластениот учесник и/или банката чувар на имот за пензиски и инвестициски фондови води грижа за хартиите од вредност (инвеститор)“.

Инаку, само да потсетиме дека убедливо најголем акционер во НЛБ Банка Скопје е словенечката „Нова Љубљанска банка“ со седиште во Љубљана, Словенија. Како доминантен сопственик таа поседува 742.804 акции со право на глас односно 87 отсто од сите акции со право на глас во таа банка. Пазарната вредност на акциите на словенечкиот акцонер во НЛБ Банка е над 555 милиони евра.

Според познавачите на состојбите и трендовите на македонскиот пазар на хартии од вредност двете скопски градежни компании го интензивирале купувањето акции во НЛБ Банка од пролетва наваму. Веројанто нивната проценка е дека вложувањето на ликвидни средства во акции на НЛБ Банка е добра и конкурентна инвестиција која ќе носи добри дивиденди, но може да носи и капитална добивка.

Повеќе детали за тоа како работи НЛБ Банка може да прочитате на овој линк https://faktor.mk/koja-e-dobitnata-kombinacija-shto-na-nlb-banka-i-donese-44-milioni-evra-profit-za-devet-meseci

Р.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Функционерите во Црна Гора си ги зголемуваат платите за 30 отсто

Функционерите во Црна Гора си ги зголемуваат платите за 30 отсто

Купувањето пелети за греење се враќа во Македонија

Купувањето пелети за греење се враќа во Македонија

Еве како може да знаете дали 600-те производи од „новогодишната кошничка“ ќе бидат навистина намалени

Еве како може да знаете дали 600-те производи од „новогодишната кошничка“ ќе бидат навистина намалени

ВМРО-ДПМНЕ: Во раскинатиот договор со „Марковски компани“ подизведувач била фирма на Заеви

ВМРО-ДПМНЕ: Во раскинатиот договор со „Марковски компани“ подизведувач била фирма на Заеви

„ Светските енергетски лидери во Скопје: Македонија домаќин на глобалниот форум за енергетска иднина во 2025“

„ Светските енергетски лидери во Скопје: Македонија домаќин на глобалниот форум за енергетска иднина во 2025“

Ангеловска-Бежоска: Инфлацијата е упорна, платите многу се зголемија

Ангеловска-Бежоска: Инфлацијата е упорна, платите многу се зголемија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Минималната плата ќе ја договорат синдикатите и работодавачите, премиерот нема да се меша

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Минималната плата ќе ја договорат синдикатите и работодавачите, премиерот нема да се меша

МИЦКОСКИ ЗА СОЦИЈАЛНАТА ПОМОШ: Некои корисници примале до 60.000 денари, некои се починати, некои долго се отсутни од државата

МИЦКОСКИ ЗА СОЦИЈАЛНАТА ПОМОШ: Некои корисници примале до 60.000 денари, некои се починати, некои долго се отсутни од државата

ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ ПО РЕД: Светските цени на храната растат

ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ ПО РЕД: Светските цени на храната растат