БАНКРОТ НА ЕДНА ОД НАЈПОЗНАТИТЕ КОМПАНИИ ЗА МЕБЕЛ: Беше омилена и меѓу македонските потрошувачи
Објавено во: Економија 15 Ноември, 2024
Познатиот австриски ланец за мебел Кика/Лајнер денеска и
официјално е во стечај, јавуваат австриските медиуми.
Неликвидноста дојде откако компанијата со години беше во криза. Во последните десет години трипати се менуваше сопственичката структура, а веќе еднаш компанијата банкротираше. Веќе се затворени бројни филијали.
Минатата година, Rene Benkos Signa продаде недвижен имот на компанијата Supernova од Грац, додека Херман Визер го презеде оперативниот бизнис со мебел. Набргу потоа, компанијата поднесе барање за стечај, а 23 од 40 филијали беа затворени како дел од реструктуирањето.
Се очекуваше компанијата да застане на нозе до 2025 година, но пред крајот на годинава целосно банкротираше.